во (предл.) - предлог (имн.)

Ослободувајќи се од ставот на претходниците Евреите во море, Арафат се определуваше за создавање демократска и неконфесионална држава Палестина, која ќе им гарантира еднаквост на сите граѓани: Евреи, христијани и муслимани!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одамна го имам намислено ова, ама сам, без вас сите, не се може.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Предлогот на Арафат беше пречекан на нож од двете страни: некои палестински федаини во предлогот гледаа отстапки во, прилог на колонизаторите кои требало да се истераат, а не да се интегрираат, додека Израелците во ова ќе видат маневар да се придобие меѓународната јавност, за да се уништи нивната држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така, директорот Донски се најде вистински во небрано: во предлогот за одликувањето се потврдуваа сите оценки за придонесот на Татко во откривањето на сиџилите, за нивното преведување и за подготвувањето за објавување, сето она што, претходно, се обезвреднуваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вие добро знаете дека ние постојано велиме дека ги пренесе сиџилите од Битола во Скопје, што е послабо од - ги повлече, како што е напишано во предлогот за одликување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој, како и секогаш, имаше и целосна доверба во предлозите на претседателот Чапаев.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Донски уште рекол, а тоа влегло и во записник, дека Орденот треба да биде од последниот, од третиот ред, макар што во предлозите не било вообичаено да се нагласува степенот на Орденот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
— Убава работа, но каде се излегува од Катилана? — се затапкаа сите, не гледајќи некакви можности во предлогот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)