во (предл.) - преписка (имн.)

Читателката Елен Лејбовиц, во преписка со авторот Младиот наратор, кој води потекло од едно балканско откорнатичко семејство, гледа како еден ден во градот слегуваат маса селани од планинските предели... со нивните кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Многу години потоа, во преписка со синот на Фетхи-беј Окијар, се обидував да го дополнам тоа што не успеав да го сторам за еден час, кога сакав да ги забележам, на магнетофонска ленти, последните Таткови сведоштва.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По малку пристигна и очекуваниот познат париски астрофизичар д-р Сотир Паскали од Париската опсерваторија со кого претходно Камилски беше во преписка во врска со неговиот престој во Париз и посебно за закажувањето на операцијата на очите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
_______ 24) уќумат - власт 25) Се мисли на подготовките на востанието во Ерменија и Кипар 26) Се мисли на клучот со кој можат да се прочитаат шифрирани тајни писма од кои Организацијата се служела во преписката
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Полемиката придонесе Коница да се запознае со Гијом Аполинер и да остане десетина години во преписка и во книжевна соработка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од овде започнуваа сите мои излези кон Европа и светот, следејќи ја хармоничната еволуција на големите пријателства во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минувајќи убав дел од животот во вечно читање и проучување на француската книжевност, како дел од мојата професионална вокација, во текот на годината влегував во преписка со познати француски поети, есеисти и мислители, кои се канеа на меѓународниот поетски собир во Струга.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)