во (предл.) - пресметка (имн.)

Христијаните молеа во пресметката да ја изгуби главата тој, Арслан бег, не само зашто беше опачен и неприкрепен на умот, туку и дека она во кое до појавата на гласот само се сомневаа, сега, благодарение на него, на гласот, сосема веруваа, а Турците Арслан бег да го надвие гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
106. Тоа нешто не се предвидуваше, зашто се мисли оти името „Бугарин” ќе ни донесе сѐ што очекувавме од народното движење. Но во пресметките се излагавме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во моментот, значи, во кој деконструкцијата се изјаснува, во кој стапува во пресметка со Кантовиот текст, со научна парадигма или со помош на лингвистика, во тој момент ја акцептирам критиката, бидејќи тие подрачја поседуваат правила за аргументација и квалитет.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Единствена светла точка на постоењето на синдикатот е „џентлменскиот договор“ постигнат помеѓу вработените и „реномираниот“ купувач, тој како иден газда – во наредните пет години – да не врши никаква промена во однос на бојот и систематизацијата на работните места.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, проблемите почнуваат 2002, токму по изминатите пет години, кога менаџерскиот тим на компанијата најавува отпуштање на ¼ од вкупниот број вработени – и тоа по разни основи!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По фактичкото прераспределувањето, кое се случи во септември 2002, во пресметките на платата, тој забележа дека ја добива само основната плата без додатокот за минат труд, на што реагирал усно – при што му е одговорено дека настанала некаква „грешка“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во пресметките што ги направив уште пред неколку денови утврдив дека тој прозорец се наоѓа на источната страна на затворот и оттаму може да се види само улицата што слегува кон мостот. Или грешам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Сфаќам! Разбирам - климнав со главата иако ми се чинеше дека од една слепа улица влегувам во друга, или во трета и тоа уште потемна и понепроодна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По ова време веројатно е пуста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Угоре, тоа е истата улица што води кон ридот со лозја.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А подоцна, мислам последниве години, дури и ако увидела дека во пресметките згрешила можеби и било неудобно, или немала храброст одлуката што порано ја донела да ја измени а грешката да ја признае.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ја прашале Загорка откако ја облекоа во гипс зошто излегла низ прозорецот кога можела истото тоа да го стори користејќи ја вратата таа објаснила дека згрешила во пресметките.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Една од тие разлики беше разликата во пресметката на максимално дозволената висина до која се исплаќаат платите во дејностите прецизирани со закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не е. Не, никогаш во пресметките.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Освен тоа, општеството не само што нема поизграден систем на позитивни вредности, туку е и лицемерно (користејќи ја методата на тн. „дупли пораки“) во пресметките со тн. негативни вредности (дали баш шовинизмот, дури и одредени форми на аперхејд, не (с)е поткрепен(и) буквално на секој чекор, а посебно во семејствата?!).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Дури и наслушнуваш едно од умните лица Како ти ги испраќа пораките свои: Погледнувај низ прозорецот Твој свет е улицата Вклучи ја во пресметките твои!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)