во (предл.) - престолнина (имн.)

Сметаме дека ќе биде интересно за вашите читатели ако им ги соопштиме имињата на оние бугарски претставители кои по 450 години на 15 март 1871 г. се собраа во престолнината на некогашната византиска слава и величие за братски да се посоветуваат како да си ја уредат својата црква на која до пред десетина години ѝ се закануваше опасност да стане плен на фанариотите; таа и денес од нив страда насекаде во несреќна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа се претвора во престолнина за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ниту во оваа, ниту во таа што ќе ја издаде Генералниот секретаријат за информирање во престолнината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Пред две години заедно со Дејан мораа да одат на балот за да напишат текст за еден неделник што излегуваше во престолнината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Место каде што мајка му истураше чаша вода пред секој почеток на новата учебна година, место од каде што со мал ранец брзаше кон автобуската станица за да го фати автобусот што го носеше во престолнината за да полага испити на државниот универзитет, место каде како дете во врнежливите летни денови играше Монопол со другарчињата...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Со други зборови (резонирале тие), никој немал право да им ја оспорува желбата да умрат во родната земја, „во престолнината на Македонија“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ова предизвика многу превирања во медиумите, на кампусот и во престолнината на државата, но не дотурка многу далеку.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Освен тоа, него го разјадува и помислата потекната од едно матно, никогаш неразјаснето сомневање, дека Лила нешто пред неговото заминување од нивниот дом во престолнината, почна да го изневерува.  Откако се зедоа, тие двајцата водеа удобен живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А ние навистина бевме соседи во родниот град а сограѓани па дури и соседи овде, во престолнината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Подоцна еве се случи да се среќававме и кај Зелено пазарче, овде во престолнинава.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
МЛАДИЧОТ: И немам. Јас дури не сум сигурен ни дека тој се наоѓа во престолнинава.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но натаму започна таква катавасија, што јас не сочував сѐ во сеќавањето зашто многумина одеднаш се разбудија; се разбуди чиновникот од статските советници и веднаш со генералот започна за итниот проект на новата поткомисија во министерството - за работата и за веројатната, сврзана со поткомисијата прераспределба на должностите со што мошне и мошне го развесели генералот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Признавам, самиот дознав многу новини бидејќи им се зачудив на патиштата по кои во престолнината можат да се дознаат административните новости.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)