во (предл.) - пријателство (имн.)

Луман замина нагоре спокоен и сега веќе сосем уверен во пријателството на Бошка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Накратко, душата ми беше во носот, а јас секое утро морав да кивам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што е право, тоа од атер за татко ми, со него Ризван бег беше бил во пријателство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Под црногорицата луѓето се раѓаат тврдоглави и умираат такви, И не им останува друго туку или да научат да живеат заедно, во пријателство, или пред време, пред тоа да го стори природата според свои тајни закони, да отидат по ѓаволите, не еден по еден според предвиден ред туку сите наеднаш, Со еден крик од кој ќе се уриваат карпи, ќе пукаат глечери и ќе се отвораат зараснати вулкански рани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Работата може да се претвори во пријателство меѓу двајца младичи, обострано корисно дружење меѓу старец и девојка, муабетење меѓу две старици, шема меѓу две лезбијки, или којзнае што уште не.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)