во (предл.) - програма (имн.)

Менаџментот на најуспешните радио станици се заснова на вештото одбирање на темите и личностите што се појавуваат во програмата - често не е лесно да се одлучи меѓу добриот плаќач од тутунската индустрија и сиромавиот од здружението за заштита на животната околина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секоја радио станица има своја екипа истражувачи којашто ги следи оценките на слушателите за програмата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Често се организираат разни приредби и активно се интервенира во животот на локалната заедница, покрај присуството на сите важни настани.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кон ова се надоврзувала и информацијата од Главниот штаб на сојузничките сили до Штабот на воздухопловството од 1 декември 1944 година во која се потенцирала изјавата на бугарскиот министер без портфолио Петров дека “втора цел во програмата на Отечествениот фронт е унија на Бугарија и Југославија или како алтернатива балканска федерација вклучувајќи ја и Македонија како рамноправен партнер...“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како нов чин на Cerebrite сега се наоѓа во програмата за штитење на Неоизмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тука, во таа ситуација, го вклучив во програма мојот инат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Уште истата ве­чер требаше да бидеме вклучени во програмата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Публиката како и самата да учествуваше во програмата: луѓето мавтаа со раце, викаа, потскокнуваа од дрвените седишта и гласно ги искажуваа своите впечатоци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Уште и ми предлага да му кажам на Извршниот одбор на Катедрата за англиски јазик, за да има рамнотежа, да стави во програмата друг предмет со назив „Како да се биде бездушен конзервативец“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа, како професија или профил, не се појавува никаде - ни во програмата, ни во објавата, ни во критиката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој беше прилично загледан во програмата што се емитуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Затоа, всушност, расказите од Свет во мало, главно, ги препорачував во програмата на предметот Книжевна херменевтика (теорија и интерпретација на книжевноста) и Креативно пишување во делот за фикција (расказ, новела, краток роман).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)