во (предл.) - проза (имн.)

Вообичаената слика на поетското во прозата е неговата формална симулација, како што и вообичаената слика на прозното во поезијата е неговата наративна маска.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А. ПАВЛОВНА: Дека е тоа нешто средно меѓу песна во проза и проза во стихови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И тоа не во смисла што тој создава, Боже мој, поетска проза, туку затоа што во прозата достигнува поетско совршенство“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мелодрамата е буржујскиот наследник на трагедијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Создадена била за да ги задоволува и да ги разонодува луѓето – главно од средниот сталеж, а особено жените – кои не ги уживале придобивките од врвното класично образование, кои не знаеле да читаат на грчки и на латински и кои затоа имале слаб пристап (пред процутот на евтините и многубројни класични преводи) до префинетото естетско восприемање на античката трагедија, исто како што ја немале ни однегуваната чувствителност што била нужна за да се цени класичната европска драма што претполагала дека е нејзин современ наследник или за да се сладат со крутата формалност на стихот во кој се пишувала. ‌За припадниците на буржоазијата, кои во класичната трагедија, било античка, било современа, не гледале одраз на сопствените животи, на сопствените вредности, морало да се измисли нов и попопуларен жанр: жанр на средносталешка семејна драма, изговарана во проза, со тематика поблиска до нивното секојдневно искуство и со сентиментален опсег усогласен со нивните емоционални потреби – но која, и покрај сите тие отстапки, немало да може да се сведува на комедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, ако можело средносталешката семејна драма да се сведува на комедија, ако ги третирала буржоаските семејни несреќи како тривијални и смешни, таа едноставно ќе го унижувала и багателизирала буржоаскиот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако публиката некогаш се посомнева дека драматичните екстравагантности на трагедијата не се сосема оправдани, дека дури се и малку од малку претерани, дека високиот степен на емоцијата што го издвојува трагичното чувство, кој го воздигнува до височините на возвишеноста, не е сосема мотивиран – да скратам, дека страста не се чувствува толку, туку дека се лажира или се изведува – тогаш трагедијата веќе не предизвикува соодветно трагично дејство и се разводнува во мелодрама. ‌Мелодрамата, од своја страна, се врти само околу одигрувањето на екстремното чувство и нагласката ја става врз изведбата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Природата на јазикот во прозата на Чинго, ако тој јазик го сфатиме како синтеза меѓу повеќе говорни стилови и јазикот и стилот на народното творештво, ни сугерира два вида литерарни настојувања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Критиката носочи на некои значајни состојби во прозата на Чинго.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Па сепак, токму во прозата на Чинго интензивно се наметнува тој проблем - врската меѓу неговата литература и говорните и фолклорните јазични структури.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Прво требаше да биде проза, па поезија, па можеби поезија во проза или така нешто. Но, ова личеше на стих.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Затоа си ја затворив вратата и ги оставив листовите на шанкот од кујната, за кога ќе дојде да руча да му ги покажам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Токму за да ја потцртаме врската меѓу “постмодернистичките превратници” од пред триесетина години со најновите случувања во прозата воопшто, се решивме за овие три веќе славни раскази кои и денес делуваат свежо и субверзивно во однос на конвенциите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во својата проза ги оживува старите загубени времиња и необичните, а често и трагични судбини на лица кои духовно му припаѓаат на амбиентот на Босна под турска доминација.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги има објавено следниве дела: Тамерлејн и други раскази (1827), Авантурите на Гордон Пим (1838), Гавранот и други песни (1845), Гротексни и арабескни раскази (1840), Раскази (1845), Филозофија на композицијата – есеј, предавање (1846), Еурека – песна во проза (1848), Доживувањата на Артур Гордон Пим – подолга проза.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Краткиот роман Проклета авлија е објавен во 1954 година Пред тоа, ги објавува песните во проза Ex Ponto и Немири (1918).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговиот песимизам излегол на површина во приказните како Тарас Буљба (1835) и Дневникот на еден лудак (1835).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа значи да не бидам во состојба да занемарам дека сум осуден на желбата да потонам во смртта а да не сум во состојба да потонам, и оттаму осуден да бидам и траам”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во едно доцно интервју изјави: “Мојот живот може да се сосредоточи во две болести: слепило и долговечност”, а во една песна во проза од 1981-та објаснува: “што е долговечност?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наспроти неуморното повикување на смртта, поголемиот дел од Борхесовите читатели се навикнаа на неговата долговечност и на претпоставката дека, ако имал мајка која живеела 99 години и тетка која имала 100 години кога умрела, и тој ќе тргне по нивниот пат и ќе биде стогодишник.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е ужасот на останување во човечко тело чиишто моќи слабеат, тоа е неколку децении долга несоница...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)