во (предл.) - прст (имн.)

Лага е, си велев лежејќи во креветот на грб, со рацете прсти во прсти под тилот, ако не е лага, тогаш зошто воопшто имал потреба да го каже тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Потоа дуваше во прстите: во таванското собиче не се ложеше и него постојано одоздола, од кујната, го повикуваа да се врати на топло, за да не настине.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Одам, збунето се загледав во прстите на своите боси нозе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нејзините железни делови просто му се вкопуваа во прстите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И секогаш, кога ќе мораше да се поздрави со тоа старче, Змејко секогаш долго потоа го носеше во прстите впечатокот како да се поздравил со мртовец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе бегаш и - олеле, олеле, ќе викаш и ќе си дуваш во прстите од силна болештина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа им го слушам дишењето: тешко, како дување во прсти со подноктица, предишено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И копај, копај, копај, и дувај си во прстите, одвај ја ископав дупката, за да му направам легало на девојчето. На Роса моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Безизразно гледа во прстите на кловнот и очекува тој најпосле да го вдене конецот низ тесните уши на иглата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој никогаш не почувствувал такво слатко треперење од петиците нагоре.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа никогаш не почувствувала таква луња во прстите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Миг. Погледи вкрстени како копја.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој никогаш не почувствувал таква луња во прстите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Извади го ножот од појас“, викаше, потоа го пушти револверот( не се пука само така во жив човек) и со грч во прстите се обеси за брадата што пред тоа му се пикаше в уста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа мирисав на етар и затоа носев капки крв на своите чевли, секогаш кога се враќав од болницата, и ноќе и дење, секогаш со сладок умор во прстите врело стиснати во врели дланки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кривини, а снегот врз нас порасна цела педа. Не го тресевме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Толкунѕаво гршче пченичка собрав од класја што ги колваа врапците по стрништето... - Ја украде! - ѝ викна Василопулос.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Голобрадо и бледо, во широката излитена униформа како да е загубено, откинува синчец и долго го врти во прстите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Василопулос ја фрли цигарата на подот, ја изгази со тешката чизма, и испуштајќи го чадот низ нос, рече со зарипнат глас: - Значи, почнаа и кражбите... - и, одејќи кон Крстовица ја праша – Што имаш во торбата?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- За “Песоците” надвор од Драч ви кажував, нели?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дуваме во прстите, си ги триеме рацете, се топлиме со воздишките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе из’ртеше зрното по првиот дожд, а јас само гршче, само толкунѕаво шепиче...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Годините што изминаа длабоко го врежаа во прстот на Крстовица прстенот што секогаш остана чист.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Не, - рече Зоки и гледаше во прстите на нозете.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Осети јадеж во прстите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
По оние кружни цртежи ми се чинеше дека буквата е толку остра, што може да ти се забоде право во прстот, ако малку се лизнеш надолу.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Овојпат решив да го фасцинирам малку Александар со неговото пенкало.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тие ја удираат по раце и таа си ги собира кон устата, си дува во прстите, на удреното, и пишти ко квачка што го рани пилето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ухаме во прстите и тргаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)