во (предл.) - пубертет (имн.)

Горчин рано го загуби татко му, тукушто влезе во пубертет, и мајката беше онаа силна потпора што го отшколува и што го изведе на вистински пат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа гледање и уживање во својата убавина, таа нарцисоидност кај неа, се роди уште од младите години, во пубертетот: убавината што ѝ ја дала природата, настојуваше уште повеќе да ја разубави по вештачки пат дообликувајќи го телото со разни стегачи, градници и масажи, со негување на градите, со употреба на разни козметики, со одење кај козметичари и педикири, со одбрана исхрана, со следење на модна литература, со трошење на имотот на нејзиниот богат татко, а подоцна и со манекенство и позирање како фотомодел.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во тој случај, ендокрините програми и програмите на однесување се актуализираат во пубертетот независно од недовршената психичка сексуалност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова сознание малку ме вознемири. си спомнав на тоа што татко ми ми објасни дека момчињата во пубертет се поулави од другите, дека сакаат да се прават важни и неустрашиви и дека се наклонети на непредвидливи нешта, само и само да го привлечат вниманието на околината врз себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Знаеш ли ти на колку години јас влегов во пубертет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Како да не се вознемирува, - ѝ се доверив, - кога пред некој ден Сузана ми рече дека нема намера да се вљубува пред да влезе во пубертет?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но, сепак се премислив, оставајќи го тоа за некој другпат, можеби за тогаш, кога ќе забележам дека сум влегол во пубертет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
За некоја година Ведан ќе влезе во пубертет и ќе треба да бидеме многу попретпзливи со него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- А, на машките, што им се случува во пубертетот? - се заинтересирав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Знам, - реков, - изгледа во пубертет се сега Сашка и Гордана на чичко Ванчо, нели?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога ќе влезеш во пубертет, самиот тоа ќе го забележиш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се надеваше дека со ова ќе заврши лудиот период во пубертетот на неговиот син, по кој со негова помош ќе заплови по помирните далги на зрелоста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
ШЕСНАЕСЕТГОДИШНА МОМА Е, сега јас наполнив шеснаест години; голема сум, убава, задоволна од самата себе, но не можам уште да се оттргнам од минатото, постојано ми е присутно, измешано со променливите расположенија во пубертетот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)