во (предл.) - разгор (имн.)

Требало, спо­ред мисионерите, во разгорот на војната, на политичките и на националистичките страсти, да се спасат чистите души на балканските сирачиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Продолжуваме да живееме во Солун, во разгорот на светска војна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во пролетта на 1943-та на територијата на Македонија се случиле низа настани кои одиграле значајна улога во разгорот на вооружената борба.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Татко во разгорот на овие мисли, по којзнае кој пат, ја започна големата ревизија на својата библиотека.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во духот на признавањето на полни национални права на народите на Југославија, а со цел НОД во Македонија да се раководи од едно авторитетно национално партиско тело, во Скопје бил формиран ЦК на КП на Македонија кој на 19 март 1943 година, во Тетово ја одржал и својата прва седница.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)