во (предл.) - размислување (имн.)

Нека ви е пријатно времето што ќе го потрошите во размислување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секој си имаше свој правец во размислувањето за јаничарството од кој не сакаше да отстапи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Многу јасен пример за ова е хипертекстот. Не е пријатен за употреба - бидејќи се случува на компјутерски екран - но е далекусежно револуционерен во размислувањето.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Жари се појавува во огромниот дел од текстовите за Дишан, во кои одвреме-навреме критичарите изнаоѓаат паралели во размислувањата на овие двајца автори.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тогаш, толкувањето на сиџилите, ги одведе двајцата балкански пријатели во размислувања и во разговор за потрагата по генезата, по смислата и по последиците на религиозните и на другите конверзии на Балканот и во Европа, во историјата на човештвото.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)