во (предл.) - ракопис (имн.)

Петер Рау, универзитетски професор по германска книжевност Бев обземен уште од првиот прочит на романот Времето на козите во ракопис и тоа не само од оригиналноста на својата тема, не само од длабоките мисловни и етички пластови, туку и од своето уметничко писмо, во кое се проникнуваат реалното и иреалното, историјата и поезијата, трагедијата и травестијата, стварноста и фикцијата, епското и лирското, онаа андриќевска меланхолија и онаа позната чинговска пригушена иронија, сето тоа амалгирано во една комплексна, уметничка и естетска целина... академик Георги Старделов, на промоција на романот Времето на козите во „Мисла” во 1992 г.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Впрочем, еве го тоа и овде во ракописов.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој, Симон, во ракописов ѝ го нашол решението на Љуба, ја вратил кај децата, единственото можно и цврсто тло.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но овде гледам скалите му се потребни за да си ја искаже својата постојана амбиција за искачување, за некој вид победа, за која инаку во секојдневието се чуваше да зборува со сиот порив што го чувствуваше, додека во ракописов, бидејќи фикција, што би рекле критичарите, нема психолошка кочница.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И во писмата до мене додека беше во Маказар и еве во ракописов.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не се сеќавам што би рекла мајка ми во ракописот што ни го остави за да ни каже колку малку им се посветуваме на оние кои не сакаат, колку време мина од разговорот со неа, еден или два часа, кога ми се јавија од клиниката да ми кажат дека и е лошо и дека не знаат дали ќе и издржи срцето!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ми доаѓаше во сон како да сакаше да ми каже нешто, но никако не успеваше да изусти или кога ќе успееше да пушти глас јас не можев да слушнам...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Вудхаус бил евакуиран на 4 јануари 1945 година од островот Крф со што престанала работата на британските воени мисии во Грција. Ibidem. 325 Ibidem. 326 Prentice/Wickstead Papers, Signals, 6/2, во ракопис Liddel Hart Centre for Military, Archives, King`s College London 327 Ibidem. 328 Ibid. 329 Ibid. 330 Pentice/Wickstead Papers, Signals, 6/3, во ракопис Liddel Hart Centre for Military, Archives, King`s College London Во неколку документи се споменува одржувањето на ваков состанок.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Преговорите завршиле со решение за враќање на македонските борци и активисти во редовите на ЕЛАС. 343 Pentice/Wickstead Papers, Signals, 6/2, во ракопис Liddel Hart Centre for Military, Archives, King`s College London 344 Според извештајот Светозар Вукмановиќ-Темпо им се обратил со зборовите: “Придружите им се на аидартите или на партизаните, по ваша желба и борете се против непријателот и по војната одлучитеза вашата политичка судбина со слободно гласање како што е напишано во Атлантската повелба“. PRO WO 202/396. 345 Ibidem. 346 PRO WO 202/168. 347 PRO WO 202/396. 348 Патрик Хаџисон Еванс (Patric Hutchinson Evans) е роден на 1 декември 1913 година во Рединг (Reading) Беркшир (Bercshrie).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
332 Prentice/Wickstead Papers, Allied military mission, Operational correspondence 5/5, во ракопис Liddel Hart Centre for Military Archives, King`s College London 333 Prentice/Wickstead Papers, Signals, 6/2, во ракопис Liddel Hart Centre for Military, Archives, King`s College London 334 Ibidem. 335 Evans papers 2/1/7, на машина за пишување, Liddel Hart Centre for Military, Archives, King`s College London. 336 Prentice/Wickstead Papers, Sub-Area Vitsi; reports 2/1/2, во ракопис, Liddel Hart Centre for Military Archives, King`s College London. 337 Prentice/Wickstead Papers, Sub-Area Vitsi; reports 2/12, во ракопис, Liddel Hart Centre for Military Archives, King`s College London. 338 Prentice/Wickstead Papers, Sub-Area Vitsi; reports 2/1/2, во ракопис, Liddel Hart Centre for Military Archives, King`s College London. 339 PRO WO 202/406. 340 PRO WO 202/407. 341 PRO WO 202/396. 342 Се однесува на заминувањето на група броци од делот на Македонија под Грција на територијата на делот на Македонија под Југославија во знак на протест поради распуштањето на СНОФ и СНОВ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За една книга од 2 000 страни во ракопис, тој со својот чуден ракопис испишал 80000 листови, кои ги спојува со штипки за алишта.  Вашата дарба, Вашиот начин на живот, Вашите реакции, дури и Вашиот нагласок, зборуваат дека сте Парижанин, дури можеби и повеќе, периферец.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Селаните ги симнаа белите шамии од главите Добитокот грозно рика запретан во пепелта на летото И гласот му се престорува во ракопис на дожд.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Овдека, во Лазарополска црква, во која Ѓурчин бил насликан како јава на коњ, се чувала Ѓурчиновата сабја (лекувала од уплав, им ги олеснувала тешкотиите на родилките и тешкотиите при умирањето на оние кои грешеле во животот) и книгата, во ракопис, што сам тој, Ѓурчин, ја напишал за себе и за својот живот, а во која ги споменувал и нив, жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше сигурен дека тој тоа нема да го доживее, но во ракописот имаше аргументи дека неговите потомци ќе се ослободат конечно од изолацијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секогаш потоа кога ќе се сетев на разделбата и на раскрварениот прст на брат ми, помислував на неговото дело “Мојсеј и монотеизмот”, кое во ракопис пред заминувањето ни го остави нам, на своите сестри, веројатно плашејќи се да не го изгуби својот примерок од ракописот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да му се одземе на еден народ човекот кого го слави како најголем меѓу своите синови – не е нешто што човек радо и лесно ќе направи, особено кога и самиот му припаѓа на тој народ”; така почнуваше „Мојсеј и монотеизмот“, и со таа реченица брат ми ја имаше кажано целта на тоа свое дело: да го одземе Мојсеј од својот народ, да докаже дека Мојсеј не е Евреин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Текстовите по истиот редослед по кој се наоѓаат во книгата настануваа во Амстердам, Middletown и New York од октомври 1991 до јуни 1992, двете писма како и овој крај кој служи како почеток - вметнати се во ракописот малку подоцна: во август истата година, но тогаш веќе во Загреб.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На синот-наратор не му преостануваше само да го реконструира патот на таткото низ итинерерот на неговите книги и читања, туку наоѓајќи излези од нив, да ја разбере суштината можеби и продолжението на незавршената книга во ракопис Историјата на Балканот низ падовите на империите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Самата библиотека ја сведуваше историјата на тишина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така би и со една книга од татковата библиотека, која не беше групирана, како другите од кои подоцна синот-наратор ги извлекуваше глобалните метафори (од книгите за козите, за јагулите, за јаничарите, за кадиските записи - сиџилиите, за јазиците, за религиите), туку таа беше во ракопис, составена од многу веќе пожолтени листови, безброј записи, како делови на еден незавршен книжен мозаик.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидував во отсутниот дијалог со Татко над ракописот на неговата Историја на Балканот низ падовите на империите, да сведочам за потрагата која ќе ја наполнеше неговата тишина, празнините во ракописот. Потрага која не престанува.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми остануваше да ја дораскажам историјата на татковата тишина, задржана од мајчиното живо присуство, во ракописот на животот, во татковиот ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не доцнеше ниту Мустафа С, кој дојде со една старотурска книга во ракопис за да ја протолкува Татко и потоа да ѝ ја одреди судбината: дали ќе заврши во Архивот, Институтот за историја или во ориенталниот фонд на Националната библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа беше драгоцениот Куран, во ракопис.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ви носам и три книги во ракопис на старо османскотурско писмо!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стави точка. Последната точка во ракописот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се обединуваше во ракописот едно мало семејство-човештво што ми ја откриваше смислата на преостанатиот дел од животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)