во (предл.) - рамо (имн.)

Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И, ти велам, ми го закова штикот во рамото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога ја виде како се црнее по трапот, голема колку магаре, срцето му заудира силно, студен трпнеж му помина по снагата, здивот му подзапре, го стисна кундакот колку што можеше посилно во рамото и спука.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Грубо му се закопуваа во рамото нечии прсти. И го нишкаа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Улица, дожд. Бол во рамото. Во далечина - нејзиниот прозорец без светлост, а јас сакав да видам млечен квадрат и модра силуета во него.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А сега заспивам само кога лежам настрана. Спијам стуткан со главата во рамото и со подвиткани колена.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Единствената работа, што ја носеше тврдоглаво со себе, беше неговата долга француска пушка, која секогаш би била нешто лесно за носење, но сега тој многу често се наоѓаше себеси како веќе ја посегнал раката да ја соне од себе и да ја зафрли некаде во тоа модрило и еднаш да се спаси од крвавото жулење на нејзиниот ремен во рамото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Луѓето се бореле и со нокти и со заби, за една глава барале две: на малите народи една глава им е поскапа од три непријателски; ќе убиеш тројца, четвртиот тебе ќе те доака; ти гниеш во гроб, тој делка дечиња - тројца браќа му загинале, четири дечиња ќе изделка; ти ни род ни пород, тој сѐ може.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак се сеќавам на зборовите од мајка: ״Кога ќе се роди женско и стреите плачат“ . Ја наведнувам главата, ја кријам во рамената, во шамијата, ама не се крие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)