во (предл.) - рана (имн.)

Во осумдесеттите години на веков реј-банките го минаа патот од бунтовништвото до веќе статусен симбол на принцезата од Монако, на пример, или манекенките Синди Крафорд и Татјана Патик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Носталгичен призвук мантилот за дожд стекна кон крајот на педесетите во филмот Казабланка, како особен знак на машкиот карактер на големата ѕвезда Хемфри Богарт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа секој што денес носи реј бан наочари за сонце, носи еден иконички знак на дваесетовековната митологија и дел од живата традиција на новата потрошувачка култура. Burbery Секоја есен и во рана пролет луѓето ги облекуваат долгите мантили за дожд, кои се знак за еден неодминлив моден имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во рана зора пред врата запеаја коледари.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Совршена е навиката, секогаш кога ќе се чувствувам несигурно, потиштено, тажно, кога душата ми е разгалена, да легнам до мајка ми и да ја барам прегратката во која одново и одново се раѓав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Совршени се тие неколку стотици нијанси на жолта боја во рана пролет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Жалба Как тешко, другари, как тешко, Во таја далечна чуждина, Кога младо, зелено, крехко Овенуват в рана година.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Само тој знае што значеше таа куќа за мене. Како да чепка во рана. Не се заборава!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас се тргнав. Како да ме допрел во рана.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И сол во раните на крвавите дланки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На пазарот за робје ги видов утринава моите три деца и жената, во синџири, во рани, во партали, ги видов јас, ама ме видоа и тие, мил господару, а очите им засветија од радост и надеж дека ќе ги спасам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Иако проектот е во рана фаза на тестирање, еднаш го пробавме во суперкомпјутерскиот центар во Сан Диего, кадешто учесниците се шетаа по внатрешноста на пациентите и ја набљудуваа структурата на нивниот мозок.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се стискаат и претаат ко црви во рана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сето е модро и во рани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наближуваше пладне. Сонцето силно припекуваше. Пријатно сонце во рана пролет.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Лејте очи, с’лзи жешки, гини срце, в рани тешки!
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Негде при крајот на зимата или во рана пролет, после еден убав дожд што ситнеше речиси три дена и три ноќи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Облаците не беа кренати од Плачковица, а Брегалница уште беше надојдена и матна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)