во (предл.) - раница (имн.)

Почна да врне, а ние имавме по еден сомун во раниците.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имаше и еден качкет, изгмечен како питулица, не од ние купечките во На- Ма туку од Панче шапкарот од преку мост, па тој не зафаќаше ни случајна празнина во раницата, а можеше да покрие гола глава на планински дожд.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Меѓу зимските алишта што ги чуваше мајка му здиплени лете под нафталин на дното од креденецот, го пронајде својот омилен сив џемпер, продрснат од носење и закрпен на лактовите, па го оддипчи и сосе нафталинот во него ги завитка цокулите и така стуткан го пикна во раницата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)