во (предл.) - раскажување (имн.)

Ретко раскажуваше но кога ќе почнеше, а почнуваше кога луѓето не очекуваа, не се запираше ни под удар на порој ни под уривање на лавина што се разбудува од извик на дрвар или од крик на ѕвер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа што нам ни личеше на кавга меѓу татко и син всушност, беше преиспитување на нивните сили во раскажувањето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Човек, раскажувајќи ги, ако не земе да ги сведе под знакот на една, на онаа, главната, за ропството и за борбата против поробувачите лесно може да се заталка во раскажувањето и да се заборави што зборувал, односно да заборави што раскажувал и кој му бил зборот, па слушателот да си отиде од него со уверување дека си го изгубил времето слушајќи некого кој ниту знаел да раскажува ниту што раскажува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И самиот во раскажувањето беше сличен на лавина што се спушта од глуви врлежи, со татнеж, разбрането и грозоморно уривајќи на својот пат стогодишни стебла и довлекувајќи со себе мирис на покосена боровина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)