во (предл.) - распаѓање (имн.)

Стварноста ја сочинуваа застојани градови во распаѓање, низ кои потхранети луѓе шлапкаа во чевли што пропуштаат, живееја во закрпени куќи од деветнаесетиот век кои постојано смрдеа на зелка и на нужник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се разбира, не е само раскошот единствената причина да се видат обата дворца, туку уште повеќе и фактот што низ нив се гледа релјефно раѓањето и пропаѓањето на едно царство, особено убаво предадено низ портретите на падишасите, сместени во една галерија на „Топкаписи“, низ чии ликови се чувствува топотот и растежот, славата и пропаѓањето на аџеилуците со нивниот последен изданок Решад, чија старечка физиономија соодветствува на „Болниот од Босфор“ - отоманското царство во распаѓање...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мачниот впечаток дека куќата е во распаѓање беше неизбежен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некои велеа дека е од раѓање во дворот или во подрумите на некоја беговска куќа одамна напуштена и во распаѓање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Низа книги, какви што биле „Најмладиот ден” на Франц Верфел од 1913 г., или „Лириката на акцијата” на Франц Пфемферт од 1916 г. веќе со своите наслови сведочеа за постоењето слух за граѓанското општество во распаѓање што плови кон катастрофа.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Единствено се прашувам, миличок, смее ли да се нарече болен копнежот и во распаѓањето да ја пригрлиш далечната убавина? -... го најдоа обесен – потшепнувам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дури и фасадата на куќата веќе беше во распаѓање.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дипломите не служат за ништо: зошто би одбивала да ги дава, подготвена е, впрочем, да ги дава секому - па зошто тогаш таа провокантна политика ако не треба да се кристализираат енергиите околу една фиктивна оска (селекција, работа, диплома итн.), околу еден веќе мртов референцијал во распаѓање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)