во (предл.) - расправа (имн.)

Професорите на Сорбона биле восхитени што имале можност да се сретнат со монах што може да влезе во расправа со нив, со ученост и суптилност еднакви на нивните а дури и повеќе од тоа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Друга одлика на модернистичкиот етос е неговиот индивидуализам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имаше отец Пелазгиј една маана: кога ќе беше притеснет во расправите со параболи, почнуваше да пелтечи и солзи му идеа на очи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Деконструкцијата секогаш расправа за маргиналното, и кога маргиналното станува централно во расправата, деконструкцијата веднаш се свртува кон нешто друго што е маргинално.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој исто така спроведува револуција и се чини ја прославува сопствената иновативност и оригиналност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Немаше намера да учествува во расправата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Опитен беше во расправи и бевме чуле дека сите со кои беше расправал ги беше победил со разум, ум и божја верба.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)