во (предл.) - резултат (имн.)

Го гледав со љубопитство и со болка но не забележав дека ужива во резултатите на своето дело.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Погледнуваше во лозот, погледнуваше во резултатите па пак во лозот, па пак во резултатите, менуваше бои, срцето му тупкаше, а потоа пожолтуваше, го кинеше лозот со ифрит во душата и го фрлаше весникот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Само нијанса, а тоа ти е како една стотинка во резултатот 100 м со препони - мажи, или една лажица млеко повеќе во смесата за палачинки, но таа „разлика“ ја чувствуваат врвните експерти-мајки, исто како што белината на долната облека можат со своето остро око да ја стават во категорија А1, А2, А3... мислиш, на забар си, па ти одредува боја на коронка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А којзнае, можеби и самиот наеднаш се виде престрашен од својата моќ бидејќи изгледа сфати дека покрај другото таа негова моќ за жал ги скусува и посаскуваните вињаци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие слепо верувале во своето дело, верувале во резултатите од нивната саможртва.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Погледна тој во резултатите, позелена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)