во (предл.) - реинкарнација (имн.)

Средба Денес убив една мушичка; Лежев на терасата и хорот од микроорганизми во земјената саксија со земја пееше погребна песна; Знаев дека си тука, а не верувам во реинкарнација.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
„Луцијо, ѝ реков. Веруваш ли во реинкарнација?“ Таа гледаше во мене долго, и потем рече: „Мислам да.“ „Мислиш или веруваш?“, прашував. „Не знам“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ракијата ме фаќаше полека ама сигурно, оти сонцето биеше ужасно; некој понуди и тревка, и јас, ненавикнат на неа, во еден миг видов светлина; помислив дека таа светлина не е од овој свет, дека тоа ми се јавува Бог; беше тоа светлина виолетова, еднаква во сите свои делови, совршена, постојана, оти не беше една во едно време и инаква во друго време, ниту за едни убава, а за други грда; беше тоа светлина преподобна; помислив дека можеби веќе сум во некој друг живот, дека сум умрел и дека ми е доделено некое ново тело; верував во реинкарнација, и таа помисла ме возбудуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не сакав да ѝ објаснувам дека на овој свет сѐ има врска со сѐ; се задоволив само (не треба да се заборави тука и фактот дека јас сепак, ѝ се додворував, и дека цената на тоа додворување беше и извесно интелектуално претерување, како и извесна желба да ѝ оставам впечаток на што понеклиширан и поучен човек) со тоа што ѝ кажав дека јас верувам во реинкарнација, и дека за мене границите меѓу културите и расите паѓаат во вода токму поради простиот факт на реинкарнацијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Драга Бреза, веројатно мајка ти ти раскажувала за нашето верување во реинкарнацијата и за животот по смртта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Секој од нас има неброено животи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Слушај ме – нежно, но заповеднички ми се обрати Игбал. – Ние во Индија веруваме во реинкарнација, а тоа значи во живот по смртта, во друг облик.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа многу се интересираше за тие нешта кога беше во Индија и изрази голема желба да го запознае татко ми, кој живее во Кашмир, за да чуе од него како тој размислува на таа тема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа е пренесена, типично питагорејска мисла.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Познато е, од езотеричарите, дека Питагора верувал во реинкарнација.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)