во (предл.) - ретровизор (имн.)

Не обраќајќи ѝ се на никоја посебно, додека уште ѝ го гали образот на малечката, вели, трудејќи се најстарата да го чуе и истовремено во ретровизорот покажува дека би се фрлил во длабочините на погледот што му го нуди малечката, предизвикливо насмеана: „Што би било малечкава вечерва да преспие кај мене, а јас утре да ви ја донесам во Гостивар?“ „Не може!“ вели најстарата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Влакна од нејзината коса го скокоткаат и му го бара погледот во ретровизорот преку којшто разговараат и се договараат со очи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во ретровизорот го гледам налутеното лице на возачот кој луто се заканува со тупаници и од мрштењето на неговото лице и движењето на огрдените усни, сфаќам дека ме пцуе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)