во (предл.) - реченица (имн.)

А неколкуте тешко поврзани зборови во реченица требаше да го искажат големиот протестна неговиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бесот на говорителката од скалите пред Националниот театар најмногу се огледал во реченицата: „Лувр е гробницата на бугарското кино!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Па, тоа е исто така вистина за историчарот кој го обликува во реченици, што е потенцијално исто толку илузорно како и сеќавањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дали е тој во речениците? Можеби да, ако оружјето со кое човек го совладува се црните букви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нивните грла крцкаа испреплетувајќи се во реченици за кои не беше љубопитен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од многуте размисли што ги беше изврзал во реченици мислам дека посебен впечаток ми остави неговата констатација дека сите аргументи што ги согледал откако внимателно го разложил до најситни детали мојов случај констатирал дека сепак станува збор за заговор со обид да се дискредитираат моралните квалитети на наш висок раководител.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Понатаму, од нејасното излагање на Кожинката произлегуваше дека тој бил изненаден од ставовите на некои неупатени другари кои ги застапувале тие поинакви сознанија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И затоа, според неговото мислење, после толкавиот труд вложен во сериозниве иследувања, некои нови погледи на случајов му се чинеле најблаго речено, избрзани и неаргументирани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А мене ме изненади токму таа констатација: дека одговорни личности не ги споделувале неговите гледишта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Предат во речениците, го повторуваат она што некој друг веќе го рекол.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Битно е многу да се пишува, а малку да се објавува, нема големи и мали издавачи, туку има големи и мали книги и треба да се внимава на култивираните разлики.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бев свесен за хроничните болки на нашите аналитички балкански јазици: опсесијата на репетитивноста, потпирањето врз подразбраното, а не врз напишаното во реченицата и незапирливите емфази.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Престана да размислува, го притаи здивот, ги изостри сетилата со цел шумовите да ги восприеми како гласови, да ги поврзе во зборови, во реченици...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)