во (предл.) - ропство (имн.)

Сѐ до неговото загинување во бојот со влашката војска, во 1395 година, кај местото Ровина, Турците вршеа само повремени упади во Марковото вазално кралство, го ограбуваа и го одведуваа населението во ропство, но кога кралството остана сосема небрането, тие презедоа напад и врз него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гардистите на Мортенија одведоа во ропство десетина деца.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Родот на тој човек, кој си живеел среќно, попаднал во ропство на некој друг род; победничкиот цар, прво што направил, заповедал да се соберат сите штички што зборуваат и на клада да се запалат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сѐ се совпаѓа. Тоа се луѓето од планетата Земја, планетата што пред дваесет илјади години му објави војна на Таолан, што нѐ држеше во ропство, нѐ уништуваше и нѐ уништи со големата и страшна болест.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Земјата е окупирана, а ние слободни во ропство.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Воздишка: - Зборувам и претскажувам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Народот доброволно падна во ропство.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но „оној којшто наоѓа заштита во сопствените зла, кој може да биде храбар само ако е гневен, вреден само ако чувствува страсна желба, мирен ако се плаши, мора да биде потресуван и фрлан навака-натака; таквиот мора да живее под тиранија и да падне во ропство на некоја страст”, вели Сенека и додава: „Зарем не е срамно да допуштиме пороците да ги заштитуваат доблестите?“
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)