во (предл.) - рој (имн.)

Ги отстрануваше таквите мисли, но тие се враќаа во роеви.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш, таа повторно слегувала во дворот, ги собирала пчелите околу себе и во рој ги внесувала во трмките.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сакаше да се најде во рој пеперутки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некакви ситни мечешки мувички во рој го покривале сивото лице на мртовецот, на брадата се згрутчувала крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога ја оставивме пролетта зад себе и кога влеговме од едно лето, микро, во друго, календарско и долго, стасавме до широка река.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Изгледаше како во потокот да се собираат во роеви златни рипки. Се измешаа шумови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се множат како мравки и се движат во рој.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се корнат буки, се рутат карпи; и искри летаат в рој! булдожер рие, компресор ечи Напред и напред, младинци наши, со горди чела за нови дела, во славен поход во трудов бој!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Сфатив дека со молкот и немата загледаност во просторот пред себе си го раскажуваа заеднички изминатиот пат – патот на големите мечти и надежи, патот на изгубената младост во тешките, нерамни и крвави битки, во долгите ноќни маршеви, во студените бункери и земјанки, во болниците и под небото на далечни земји; долг пат што сега е претворен во рој од спомени кои како мониста се нижат на свилен конец.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Уште снежеше. Крупни снегулки во роеви се спуштаа од облаците и леко, леко се пластеа на земјата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)