во (предл.) - сабота (имн.)

Секаде каде што има змиски отров, се чува и растение што го има противоторовот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„ Влегувањето во Првата хала на Digital Overdose во саботата беше просто. . . неописиво.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А има право да бара да зборува со неа за работи што ја интересираат, да бара да ја изведува надвор барем во сабота, на прошетка или во кино.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Некои Мариовци во саботата навечер ги зачекале мусинските и острочките качаци, што ги пленуваат пазарџиите по Слива и му ги наполниле задниците со сачми".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас со Андона кај су да су, во сабота ќе те најда кај Биковите на ан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури и ме убедува дека би можел да ме зачлени во подмладокот на спортското друштво “Вардар“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не бараат висина и затоа би требало да се определам за фудбал или за ракомет.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кошаркарскиот подмладок тренира во сабота претпладне на теренот зад училишната зграда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Хаџи Ташку од порано известен од Хаџи Панови, делениците Акиноски, дека в сабота ќе дојдат потковичаните за да се измират со него, намисли да ги состави и да ги збори Иса и Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По мое, вели, најдобро е ако тргниме одовде в сабота зараното, па таму некаде пред Прилеп или точно во Прилеп да нè изгрее сонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И плашејќи се да не Исо се исплаши кога ќе го види Лазора толку голем и да го с`ска Иса против него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А за одењето во Прилеп, дали ќе стане в петок одвечер или в сабота зараното, ќе ви се каже.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога истрча на улица, не знаејќи кај да оди, се усмери на дуќан кај Тимона; вчеравечер кога се разделуваа, Максим им рече дека ако им притреба за нешто во текот на утрешниот ден, то ест во саботата, таму да го побараат, на дуќан кај Тимона.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако не може поинаку да биде, а гледаме дека не може, не можеме да го пречкртаме Хаџи Ташку да не ни биде свештеник, вели Никола Јанчески, да го потпишеме писмото и да се здоговориме како ќе одиме и кога ќе одиме во Прилеп, - в петок одвечер или в сабота зараното?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Важно е сите да знаеме дека в сабота ќе одиме во Прилеп и да бидеме спремни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во саботата - пишува тој - „бандитите“ не презедоа ништо, но другиот ден, (неделата 3 мај) кон пладне, еден од нив се обиде да влезе во телеграфската станица, за, божем, да предаде телеграма, но бидејќи не само што одби да дозволи да го претресат, туку и се противстави, веднаш беше убиен од војниците.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Брат ми веруваше дека Чарлс Дарвин му го нашол вистинското место на човекот - во животинското царство; тој тврдеше дека со Дарвин започнува вистинското сфаќање на човечкото суштество - како креација на природата настаната во преобразбата од еден животински облик во друг, а не Божја креација од прашина со вдахнат божји здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше местото каде што се скина тенката нишка помеѓу нас и нашите заборавени претци: ние бевме првите неверници во долгата низа поколенија од времето на Мојсеј до нас, првите кои работеа во сабота, кои јадеа свинско, кои не одеа во синагога, кои не кажуваа “Кадиш“ на погребението и на годишнините од смртта на родителите, кои не го разбираа хебрејскиот; за нас светиот јазик беше германскиот (брат ми веруваше дека германскиот јазик е единствениот кој во потполност може да ги изрази највисоките вознеси на човековата мисла), се воодушевувавме од германскиот дух и правевме сѐ да бидеме дел од него, живеевме во Виена, престолнината на Австро-Унгарија, која беше нарекувана “светата империја на германската нација”, и со некакво чудно воодушевување, со кое го прикривавме зазорот кон својата традиција, ги прифаќавме тогашните навики и однесувања на виенската средна класа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ќе се појавите на прагот на куќата на некој англиски благородник мошне веројатно е дека слугата ќе ви каже, Почитуваната Госпоѓа се извинува, таа не е дома и ќе морате да чекате да добиете една убава картичка Г-дин и Г-ѓа John Miller дома во Сабота, 5-ти Ноември од 16 часот - не сте повикани лично - кажано ви е дека г-дин и г-ѓа Милер ќе бидат дома и дека ќе очекуваат (можеби со задоволство) да ве видат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Па уште во сабота, ден од Бога даден за да се замиеш, заплакнеш, што се вели миење на интимните делови на телото да си направиш, ете за не дај Боже ако ти се слоши, за на доктор...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако го прават в сабота, мора да одиш на училиште.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
ПОП ЈАНЧЕ: Има еден збор: „сложни калуѓери и в сабота и в недела мрсат“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Откако завршија со неврзаните разговори Рада речиси заповеднички ѝ се обрати на Ивона: - Ивона, во сабота во осумнаесет часот сакам да бидеш во Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од мајка ѝ разбра дека во сабота татко и е во попладневната смена и дека ќе се врати дури во утринските часови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Значи, одговорот на сето ова ќе го добие за четири дена и животот ќе го продолжи без сомнежи. - Се гледаме во сабота!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Добро, добро! Тогаш во сабота се гледаме кај тебе... Поздрави ги твоите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден ден дури ја прифати идејата во сабота навечер да излезе со своите другарки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во саботата пред портите на Јана веќе беше паркиран автомобилот со белградската регистрација. Никодин и Светлана беа стигнале претходниот ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го симна ранецот од рамото, во исто време допирајќи ги усните до ушите на Рада и прошепоте: - Се гледаме во сабота во соколааната!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден од нив, знаејќи за метежот кој се случуваше во саботите навечер на терасата на хотелот Куба, беше задолжен да ги чува местата до пристигнувањето на друштвото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Туку да ти кажам, Радо! Во сабота во соколааната има игранка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
6 Во саботата наутро кај Јовановци дома беше многу динамично и бучно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во сабота попладне одиме на гости кај чичко ви Ѓорги на слава“ проговори татко Таки по повеќеминутна тишина, „ Ќе дојдат Ѓуше, Пандора и Тиро со фамилиите, но ќе има повеќе видни гости, грчкио конзул е најавен, некои битолски чауши, газди и стопани, ни јас не знам кој се ќе биди таму, ама, некој ќе е со фамилијата, а сигурно ќе има и некој ерген за женење.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Знам дека можеби барам многу од тебе, мислам, можеби си испланирал нешто за в сабота и...колку што знам ти немаш девојка, така?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Па, партнеру значи в сабота?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Работевме и во празници и во саботи до шест часот навечер.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А во сабота и недела ги гледав отспротива празните канцеларии.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но, во праксата, оваа одредба беше и сѐ уште е изигрувана, првенствено од страна на приватните работодавачи, кога тие ги тераат работниците да работат и во сабота и/ли недела, а тоа не се евидентира никаде – при што користа што на овој начин ја стекнува работодавачот е отприлика работа од 24 до 32 часа месечно по работник, којшто овие „бесплатно“, а de facto под присила, му ги „поклонуваат“ на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но денеека беше петок, та Дуче немаше да има многу работа како во сабота и затоа и тој цврцна како другите пријатели и му издекламира на зетот една своја солена декламација, од оние што ги имаше на стотици за секој случај, а особено за свадби, крштења и првичиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во саботата се плете невестата со гајтани, се реди со разни решмиња, монистра, ѕрнѕурки одзади по грбот, од тилот до пети, отспреди — од ушите до прстите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А што убаво викаше Дуче! Особено во сабота поручек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој ден Дуче одеше поручек во општината и оттаму добиваше наредба каква новост ќе им соопшти на прилепчани, а особено во сабота.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во саботата едниот девер кани од кај зетот, братот или братучед кани од кај невестата, а другиот девер оди во планината по бршлен, од кое се прави зелениот невестински венец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А не е мала работа да фати човек две свадби во сабота. Сигурен му е лебецот за до другата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И оттогаш до животи Неда не оставаше да не замеси во сабота нешто за дома од кое тесто вадеше по една поскура и ја носеше во неделата во црквата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, затоа и нашите пазарџии кондисаа вечерва кај Селчаните на ан, а утре на раат ќе пазарат, за во сабота да си одат позарана дома, оти во недела треба да се раздадат даровите на роднините.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
3. Уште од првото сонување научив Дека доселениците всушност Натрапнички им влегуваат во соништата на староседелците И дека со несечените нокти им ги дупчат на староседелците Мешините полни со резервни соништа Па откако ќе ги обесонеа лесно им ја крадеа земјата И во древната абориџинска црвеница Садеа цели плантажи со нови соништа И тогаш јас разбрав дека има и престорени соништа Престорени и превоспитани соништа Оти првите доселеници беа дојдени по казна Како историска претходница на гулазите Само што нив тука немаше кој да ги тормози И севезден да ги потсетува дека се престапници испратени на издржување на казната Туку баш напротив престапниците почнаа Да ги тормозат староседелците и да им ги дупчат соништата Оттогаш коалите со сите расположиви средства Си ги вардат соништата од натрапници со несечени нокти И си го бранат вековното право На дваесетчасовен сон во едно деноноќие Оттогаш сите ги предупредуваме Да не остават на раат да си го досонуваме сонот И на секој еукалиптус закачуваме парола Кој сонува зло не мисли А се подразбира дека кој многу сонува Кога да е ќе го довстаса јавето И ќе окапе од визити на нервни доктори Па тогаш ќе си ги мериме соништата И ќе ја утврдуваме нивната историска тежина или леснина Тогаш сетики уште ќе има бумеранзи Оти историјата без вратки не ја бидува Што се покажа и во соништата од петокраки Макар што никому се уште не му е јасно Кој и како ќе им ги врати на Абориџините Старите продупчени соништа Оти никој се уште не измислил лепило За продупчени мешини со резерни соништа Штоако сега школски авиончиња Влечат на опашките натписи Sorry како што се влечат реклами за кока кола или нешто такво Sorry sorry ама се знае ли што досега се стори И ако сте љубители на рими знаете ли каков оган гори Во продупчените соништа на староседелците На кои денес лефтерно им велат Sorry Како кога некој не сакајќи да им ги згазнал стопалата Во турканиците пред влезот на Олимпискиот стадион во Сиднеј Или на пазарот близу пристаништето Ако се погодите таму на пазарен ден баш во сабота Како на секој пазар и овде под тезга се продаваат разни нешта Па можете да си купите разни збирки соништа Стари и нови соништа староседелски и дојденски соништа Од такви соништа се учи Дека ако нижиш бисери ќе плачеш Колку повеќе бисери во соништата толку повеќе солзи на јаве Од такви соништа се учи Дека ако најдеш алтани во твоите чевли Ќе отпатуваш надалеку дури до новиот и отаде новиот свет А пак ако таму во новиот ти свет Се бакнуваш на сон со некого уста со уста Ќе те фати ревма а богами и потешки болештини Ако си машко и ако се бакнуваш со машко уста со уста Баш како што се бакнуваше еден од наследниците на Ленин Пу пу скраја да е Џабе ти тогаш и соррѕ и се стори џабе ти и цела сурија нервни доктори.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Сакам посни сарми во петок, мрсни во сабота.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
После четириесетитретата, неговата средба со Маре во петокот и во саботата беше прва и последна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во Горно Морино ги преспав само ноќите во петокот и во саботата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А ќе можеме да бидеме будни и до десет навечер и во сабота ќе можеме да гледаме по два филма наместо еден.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе ја посетам во сабота. DD ПТ: Можеби е последен ден.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
— Токму затоа, вели, ние во сабота и недела не работиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А в сабота ќе одиме да купиме сè што ке ни рече учителката“, вели мама и се сврте кон Влатко, „земи си појадок.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Томе за в сабота да обезбедиш неколку „доброволци“ за пресадување, почвата е веќе подготвена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Животот ми е здодевен, сакам да се заљубам, а и во хороскоп пишуваше дека во сабота ќе ја запознаам најголемата љубов во животот, најверојатно облечена во црно.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ќе одиме во сабота, ќе ги засукаме панталоните, нозете во вода, па плас, плус, плас, плус.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Анка в сабота претпладне не е дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа беше Турчин со зачалмен фес и ибн Пајко тојчас го препозна амамџијата Селим од Чифте-амамот, кој секогаш го триеше со топли ленени крпи кога овој со Калија одеа во саботите на бања, едниот во женскиот, другиот во машкиот дел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога не сум со нив и кога ќе се вратам од Маврово, треперам да не ми кажат колку фантастично си поминале, па жива да се изедам од мака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И Снеже, и Тања, и Мацка, и Весна се едногласни: претерувам со Маврово и испуштам важни настани, а тие редовно се случуваат во петок и во сабота навечер.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)