во (предл.) - саксија (имн.)

Чувме дека од берзата годишно се транспортираат 200.000.000 трендафили, 300.000.000 зумбули, уште двапати по толку каранфили, милиони разновидни цвеќиња во саксии и др...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секој софијанец помалку е и градинар, па настојува својата куќа, доколку е со двор, да ја претвори во цвеќарник или, ако тоа не може, тогаш куќата ја украсува со цвеќиња во саксии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Или ја привлекува цвеќето во саксијата на прозорецот?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На чардакот, на другата страна на улицата, Утринум, во иста доба, тихо си пееше жена И ги полеваше цвеќињата во саксиите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се проѕеваше цвеќето уловено во саксија.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ја зеде нејзината полуполна чаша и го истури виното во саксијата со цвеќе што беше на первазот од прозорецот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но тој тогаш се задржа подолго, и потоа, на излегување, се задржа за да им се восхитува на растенијата што беа посадени во саксии на терасата, и да сочувствува со неа поради лисните вошки кои ги напаѓаат цвеќињата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас, пак, не се омажив, висок критериум или носталгија кон земјата (онаа во саксијата). Или не бендисав ниту еден од Хелмутовци.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сувата земја во саксијата беше споулавено жедна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја преполни куќата со цвеќиња–изобилство полско цвеќе, темјанушки, нарциси во вазните, зумбули, фикуси, филадентрони; кактуси во саксиите, дури палма и лимун чии прв жолт малечок плод го држеше на дланката како да се плашеше дека ќе исчезне.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се чинеше повеќе изненаден одошто збунет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Како да сакавте нешто да ми речете кога побаравте да ги земам свеќите од ранецот? - прашуваше свртен кон мене додека ги клаваше свеќите во саксијата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаше и некои цвеќиња во саксии.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој не бил дома, но ги нашла клучевите во ходникот, скриени во саксијата за цвеќе, каде што секогаш ги криеја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Две години подоцна, нивната љубов сѐ уште траеше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе бидам можеби жедна ерихонска роза, можеби конопје во саксија на балкон, можеби птица што кака над глава, можеби овца, можеби крава.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)