во (предл.) - саламура (имн.)

Емин-бег потоа ги продаваше рибите на трговците што доаѓаа од цела Румелија, а тие ги разнесуваа по разни вилаети наредени во мали буриња, првин отстојани во сол, па ставени во саламура.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа беше и времето на нашите последни младински работни акции коишто, којшто сака, си ги чува во саламура во качето во кое се чуваат најубавите спомени, а јас многу сакам качиња полни спомени.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)