во (предл.) - самрак (имн.)

Додека небото се раскрвавува во самракот и ветерот го зема својот прв здив во зората ќе го завртам клучот од бравата два пати, ќе ја задушам болката, достоинствено ќе си ја понесам тагата и ќе побрзам да го фатам последниот воз кон далечниот хоризонт каде со таква леснотија одново и одново се раѓа новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И после сите натрупани, хибридни грешки кои ги броиме и кои поминуваат низ деновите, ќе дојде и денот кога ќе донесеме цврста одлука, храбрoда ги исполниме сите надежи и очекувања.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Устата му беше во сенка и само очите како две сини ѕвончиња ја разнесуваа мелодија во самракот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се упатува во самракот кон ходникот и, одненадеж, му се прилепуваат четворица, ги сеќава остриците на ножовите допрени на градите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И Предо ги пушти долгите фарови, не толку за да му го осветлуваат патот во самракот, кој за чудо иако поминуваше по рамно поле, беше полн со свиоци, мовчиња и ендеци, колку да ги предупреди колите што му идеа во пресрет кој влегува во градот под Марковите кули.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
…Кога месечевиот срп зелен меѓу пурпурното руменило завидливо се прикрадува – непријател на денот, со секој свој чекор потајно ги коси ружите, Ги коси сѐ дури не паднат, бледи, во сенката на ноќта: така паднав и јас самиот некогаш, од лудилото мое по вистината, од безумните мои копнежи по големиот ден, уморен од денот, болен од светлината, - паднав долу, во самрак, во сенка, од вистина Еднаш согорен и жеден за неа - се сеќаваш ли уште, се сеќаваш, пламено срце, како некогаш жедно беше?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
– Токму јас прогонет да бидам од секоја вистина! Единствено будалетинка сум! Единствено поет!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одведи ме во самракот, таму темнината зборува Алчноста се бори Болката слави!?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
САМА ВО БЕЛО!! (12.04.2012) ЦРНИ МИСЛИ Црни мисли... во самракот се бореа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Да ја преболува без престан за да ја долови, одвреме-навреме во самракот на кажаното. Од другата страна.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И пред две вечери, во самракот, посматраше како ќерка ѝ Ивана стои со Оливер, синот на Стојна, долу, зад куќата!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Некако ден или два пред да заминам, седам во самракот во бавчата, а од дворот каде што живее Надењка бавчата е разделена со висока ограда со железни шилци...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гледам како Надењка излегува на тремот и како устремува тажен, чемерен поглед под небото...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Седиме ко завеани во снегот, во самракот. Меѓу гропчињата од Роса и од Ангелета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако човек в самрак се прошета по празните, бучни, широки улици, него ќе го обземат спомени.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штрчат изглодани руини, а во прозорците местимично е вплетена жица, ’рѓосана, преплетена.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се довезе до предградието на Нов Чикаго во самракот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој 81 старец целосно ги беше дестилирал терпентинот и лененото масло низ Џорџ Смит и тие му ја отсликуваа душата, сиот Син период во квечерината, сиот Розов период во самракот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)