во (предл.) - свеќа (имн.)

Христос воскресе, им рече старецот на домашните А потоа долго гледаше во свеќата што догоруваше на трпезата И помисли: меѓу илјадниците свеќи што горат во животот Има само една вистинска – онаа, уште незапалената, - Врз правот нѝ.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе се сретнете вие уште еднаш, во некој темен тунел и ќе дуваш во свеќата да не те познаат како покриен со картон ја поминуваш ноќта додека шибаат со автомобилот брзајќи да стигнат дома, кај своите деца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како на стар проектор се редат сцените: првиот плач во болницата, непроспаните ноќи, пелените, кашичките и чајчињата, медицинските енциклопедии, остави ја цуцлата, треба поголеми патичиња, не во уста!, „две рачички со десет прста“, Ноди-тракторот Том-Мики Маус, како прави магарето?, кликни на црвеното кругче, дувни во свеќите, ајде да градиме куќи, дојди да те гушнам, одиме во парк?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Нивниот конец во свеќата на животот е краток, догорува пред да истече нивното време, пред да се стопи свеќата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)