во (предл.) - свила (имн.)

И, невестата излезе и во неа сите препознаа Пепелашка и посакаа да им се случи истото: од клашнени волнени алишта да влезат во свила и кадифе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во што пука тате, прашува ќерчето. Во што пука тате, прашува синчето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сенка темна се надви над розов бакнеж во свила стегнат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Точно е, ќе вели Паун Радевски, предлагам да се облекуваме само во свила и кадифе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мажите беа средни по раст, витки, цврсти и не многу зборливи, жените пак, дотерани во свила и кадифе, со високи и натаврени шапки на главите, прилегаа на светиците и болјарките од фреските и иконите во црквите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа: вљубена во свилата и годините на студентскиот театар кога јас ѝ ја натокмив улогата што еве ја игра и сега па го повторува делот од монологот за клетвата во стихови од Мајаковски на сет глас, клетата бара спас за реченото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Божем си имал анумка, некое младо девојче, сето во свила го облекувал, го мазнел, како кукла го дотерувал, но еднаш, свртувајќи се во сонот толку лошо го притиснал со својот голем стомав што душата му излетала наеднаш; не втасало кутрото девојче дури ни да писне.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како да поверуваш на толкава несмасност?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)