во (предл.) - секретаријат (имн.)

Околу Бојана се врткаа многу млади гардисти, а првиот ден кога дојде на работа во секретаријатот неколкумина од подмладокот на гардата ја поканија да дојде на торта во нивната канцеларија.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во крајна линија сите во секретаријатот имаа дојдено по роднинско – пријателска линија или по препорака на некој висок политички функционер или офицер во гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Александар во двете години што работеше во секретаријатот, не можеше да му се изначуди на неговото ревносоно работење.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Откако Бојана пропадна на два факултети, логично беше да се вработи во секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Интерен виц во секретаријатот за информирање беа интересните идеи на Владимировски.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Композицијата им беше посветена на нашите храбри момци, а сите вработени во секретаријатот минатата година го добија цд-то како подарок со потпис од авторот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Никој не сакаше да се закачка со полковник на Стојановата гарда, па во секретаријатот Бојана беше примена како нужно зло и омилена тема за озборување.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Освен чистачката Славица и шоферот Кокан, сите вработени во секретаријатот беа тука.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Потоа следеше изјава на Зоран Илиевски – Зоц, Зоче, Зоро и така натаму, кој ломотеше три и пол минути за да ја постигне поентата според која Александар уште од неговото доаѓање во секретаријатот бил чуден, со никој не се дружел и често мирисал на ракија.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Пред да дојде во секретаријатот, работеше во локалната телевизија.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Мора да се посочи на големиот углед којшто земјата го има во светот, да речам во меѓународната заедница! - се јави Сашо, неодамна дојден во секретаријатот како завршен студент на економија со просек 9, 27.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Александар се вработи во секретаријатот, а Љупчо никогаш не дозна дали тоа беше чиста среќа, резултат на добрите оценки на неговиот син или фер одговор на неговата решеност да ги напушти редовите на опозицијата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Како по обичај прв зеде збор Влатко, дежурен лижигаз во секретаријатот и поранешен активен член на гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Секако, цели триесет години по паѓањето на комунизмот земјата живееше во константна економска криза и за многу луѓе работата во секретаријатот и останатите државни служби беше како добивка на бинго.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Мермерните скали, жолтиот столб и малиот трем, издигнат за метар – два од земјата, во пролетните вечери правеа сосем пријатно место, каде вработените во секретаријатот, по некое непишано правило, на петнаесетина минути пред крајот на работното време, се собираа да пушат цигари, опуштено да зборуваат за секојдневните и здодевните работи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Како и повеќето вработени во секретаријатот, во демократијата беше новинар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ако не друго, групата на Дарко секако ќе се потрудеше да го искористи Александар за да инфилтрира свој човек во Секретаријатот за информации.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
По шпицата, презентерот чијшто лик го знаеше целата земја и кој според некое непишано правило секоја вечер погрешно ја сложуваше вратоврската со сакото, со глас што оддаваше лажна енергичност, го најави првиот прилог – киднапирање на ќерката на висок гардиски полковник од страна на нејзин колега, вработен во Секретаријатот за информирање.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Како што раскажуваше Дејан, колега на Александар и најстар вработен во секретаријатот, работата била готова за тенисерите да се вселат во зградата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На Александар пријателите секогаш му завидуваа дека работи во Секретаријатот за информации.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Јана е советник во еден од секретаријатите. Можеби и во Секретаријатот за култура”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чудно, Катерина не ја спомна. Затоа и сфатив дека станува збор за стапица.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)