во (предл.) - сено (имн.)

Еден ден кога кравата се телеше со мака и кога ветеринарот Скрез и Цанулица ги немаше долго да излезат од ќералот, Цанул се довлечка до прозорчето од ќералот, и кога ги виде истркалани во сеното, му удри крвта в глава, ја грабна вилата и влета внатре кршејќи ја вратата и забодувајќи ја вилата во бутината од Скрез.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Порано Бојан често ќе се вовлечеше во плевната, па ќе лежеше во сеното или ќе се катереше по гредите и одозгора се ѓувкаше во тој дебел, зелен мек душек.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од Саса до Кочани се пренесувал скриен во сено, бидејќи сеното било главна стока што се превезувало на оваа линија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
ВИЛА - Во еден темен вилает некој виконт, крај својата вила, со вила прободел вила што во сеното си се свила. (поради тоа викал Вико? В. Викот)
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Како ли ќе одвикнеме од тоа и како ли ќе му се вратиме на ралото, на чеканот, мистријата... на тишината, на топлината под топло веленце и на меракот, а мерак е и тоа - да знаеш да гледаш и ѕвезди да броиш и во сено да се прпелкаш и меѓу снопје да се валкаш, на момина коса да погледнеш и длабоко да здивнеш - воздивнеш и да се радуваш - изнарадуваш затоа што си жив...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И сега Бојан посака да се истркала во сеното, но премногу работи му претстоеја, па само го опфати со поглед тоа зелено, миризливо богатство и се упати кон аголот каде што беа јаболката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)