во (предл.) - силуета (имн.)

Одвреме-навреме ќе се подотвореше небото на исток, но како око мижурлаво, ќе одблеснеше малку светлина, но матна како слепило; ќе се оцртаа куќите и дрвјата, но само во контури, во силуети, како нешто вештачко, како декор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Татко ми, пак, претворен во силуета покрај светнатата скала со светските радио станици, во соседната, незагреана одаја, наметнат со избледената чоена домашната наметка и свиткан со шал, сѐ повеќе ги продолжуваше своите ритуали на слушање радио, потпрен со увото врз апаратот, сепак внимавајќи - кога ќе влезеше Рашела - да го достивне звукот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И денес го гледам татко ми, онака свиен во темната соба, претворен во силуета пред светнатиот апарат во мракот на одајата и наслонет со увото на шепотливото радио.  Еден ден, беше тоа некаде кон почетокот на окупацијата кога дојдоа и ни го запечатија радиото, Рашела почна да ги забележува нашите потсмешливи погледи, по посетите на млекарот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)