во (предл.) - синевина (имн.)

Само преуморни бели галеби нè следат неуморно, за потем да се спуштат кон морето и да се изгубат во синевината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вреснав не од експозијата на белата светлина и не од нејзиното преминување во синевината туку од тоа што се случи ова чудо со мојот дом.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Отпрвин на Арсо му се стори (и тоа го зачуди) дека сите овие дрвја забодени со врвовите во синевината се бесилки, некаков нов и затоа непознат пронајдок за умртвување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А после да чекорам до коленици в трева, до појас во светулки до теме во синевина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дури сега можеше да знае дека она, што го зрачеше токму тој ослепувачки светол далечен диск, зафрлен во синевината, беа и сите овие допири по неговото лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Далеку зад нив се давела во синевина преголема бела и многугрба камила со куси нозе; слабината ѝ пукала, се отворала: тоа разретчен облак бегал кон лилаво распливнување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Незабележливото заоѓање на сонцето им ги продолжувало сенките меѓу кои лежела меѓа на два света.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овој јазик на душата којшто вие го читате во синевината на неговиот поглед и во тишината е несомнено најдоброто духовно восритување што можел да ви го даде; и вие не би го опишале толку чудесно доколку немавте за тоа и сорствено искуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Ви пишував за мојот мајчин јазик, ви пишував за татковиот мајчин јазик, за нив вие можевте да прочитате и во Татковите книги, но јас никогаш не ви пишував за моите јазици, за јазиците на кои мислам, сонувам, пишувам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Чувствувам дека силно нѐ поврзува приврзаноста за нашите мајки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога се најдов со него на вишинката на кај манастирот Свети Наум и му го покажував родниот Подградец, во кој не бев стапнал 37 години по моето заминување и за ноќта кога ја минавме невидливата граница под Езерото, Махмуд Дарвиш внесено, и со поглед претопен во синевината на Езерото, ја слушаше мојата вистинска сказна за змејот и границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)