во (предл.) - слаткарница (имн.)

Тинејџерката: Важи, Тики, само ти да ми даваш ганџа кога ќе ми затреба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Значи, се договоривме. Тебе во слаткарницата те пикаат во тортата и те донесуваат на забавата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Отидовме во слаткарница на кејот покрај Вардар. Јадевме сладолед.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сака да нѐ разлути. Ама и јас знам што да сторам, кога вака си го бара: ете, нема да одиме во слаткарница!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во слаткарницата уште немаше никого, освен големиот вентилатор на таванот што веќе се вртеше како трокрилен пропелер на школски двокрилец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека Ване го одбираше бројот Азис дискретно се врати во слаткарницата, божем му се појавил нов муштерија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка ми и сестра ми ќе препукнат од радост. А поручек сигурно ќе ме поведат в кино а може и во слаткарница.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А поручек сигурно ќе ме поведат в кино а може и во слаткарница“.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Беше рано попладне, бевме во слаткарницата „Кај Хелмут“ во Маморенек, сонцето се пробиваше низ заледените прозорци и просторијата ја осветлуваше како опоравилиште. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 151
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Опремата сјаеше зад шанкот, месинганите шипки се жолтеа од одбивачкиот сјај, и сѐ мирисаше на дезинфекционо средство. Бевме сами во просторијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„На што мислиш?“, прашав, со устата леплива од истопениот маршмелоу и карамела.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Цртежите му ги виде еден од сликарите што навраќаше во слаткарницата, се воодушеви и му рече на татко му да го даде Столпника да учи сликарско училиште.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Навечер луѓето од селото се собираа во слаткарницата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Обелеа и почиваа вкочането и важно, на мала мермерна масичка во слаткарницата „Шехерезада“, покрај преполна чинија чепнати колачиња и фотокопија од стручна книга за додатен курс по психологија...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тие излегуваа од своите домови со паѓањето на првиот мрак и се се движеа бавно крај полуосветлените излози, се врткаа околу пластичните трафики во центарот на Метрополата, повремено можеа да се сретнат во слаткарницата „Крем“ или во винаријата „Бахус Мак“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имав впечаток дека Б.С. не го беше соблекувал зелениот хубертус сите овие денови откако за прв пат го видов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Речиси заедно со кифлите во слаткарницата влезе и Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На Катерина ѝ реков дека во слаткарницата дознав за смртта на еден мој познајник. (Забележувате: не го употребив зборот пријател).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А таа без да погледнува кон мене продолжи со средувањето на ноктите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А се случува и тоа родителот да нема пари за нешто многу важно да купи, да плати, а вие ако му побарате ќе ви ги даде, и на заем ќе земе, дете сте му, а вие ќе ги потрошите не водејќи сметка дека тие се попотребни за нешто друго, одошто за вашето одење в кино, одење во слаткарница, купување на некаква модерна кошула, маица и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Да сум на нивно место, по сто сладоледи на ден ќе јадам, Снеже секој ден ќе ја водам в слаткарница и во Луна-парк, а на Бреза ќе ѝ купувам колку што сака мастики- цигари за да ги „пуши“ кога си игра мајка и деца со куклите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Еднаш на баба ми ѝ се јавил некој слаткар по телефон и ја прашал дали кај нив живее некој си Борис кој влегол во слаткарницата и замолил да се јават на неговиот број и да кажат дека не може да си го најде патот до дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Им го претставивме Саше и јас предложив да одиме в слаткарница на по една кока-кола.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Поседовме уште малку во слаткарницата и станавме, зашто веќе беше темно, а девојчињата не ги пуштаат да бидат надвор до многу доцна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Напиша ли домашна по математика? - ја праша Мите Анета, колку да се најде на муабет, штом се сместивме во слаткарницата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Знам дека сакаш да одиме в слаткарница, - рече таа, прегрнувајќи ме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Лажеш и ти, - ѝ викав толку силно што луѓето од соседната маса во слаткарницата се свртеа накај нас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ги сретнав Јана и чичко Славко во слаткарницата „Палма”!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знаеш што правеа? Јана јадеше колачи! Шокови чо’ече!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)