во (предл.) - содржина (имн.)

Всушност тој претставува синтеза на обајцата: радикален во формата и провокативен во содржината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во својот последен роман, Мирко Ковач „Град во огледало“ со кој ги собра книжевните награди на три држави - бивши федерални единки на СФРЈ, на вметнатите цитати во содржината на романот, не ги именува авторите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ништо не се промени во неговиот глас или однесување, ниту во содржината на она што го кажуваше, но имињата одненадеж беа различни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Целото нејзино друштво ја обиколи, гледајќи во содржината на овој несекојдневен подарок.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Специфични промени во структурата или во содржината на нашите персонални конструкти се јавуваат првенствено како одговор на предикативна грешка или „изненадување” (Adams-Webber 1989).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во содржината на музејот се вмешани цитати со антиклерикални пораки на Гете, Холбах, Фојербах, Енгелс, Маркс и други.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
После Earth Wire проектот се посветив на истражувањата на патиштата низ коишто надворешните надразби влегуваат во содржината на сонот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во таа пригода тој ги користел GSR, ТЕNS и Морзеовите знаци за да оствари тактилен дијалог меѓу успиеното тело и будната публика - реакциите на телото на електричните дразби упатувани од публиката биле чујни со засилување на електричните звуци на кожата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Потоа го користев уредот на Lucidity институтот на La Berg којшто го детектира RЕМ сонот со помош на инфрацрвен сензор и потоа создава фотичка стимулација.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од искуство знам дека електричните и фотичките сигнали продираат на сосема различни начини: сигналот од ТЕNS уредот влегува во содржината на сонот како потрес, како течност што струи низ кожата, односно како зграда што се руши; фотичкиот сигнал се појавува на помалку драматичен начин: како одраз на сончева светлина од мазна површина, односно како фотографирање со блиц. (Gilchrist 1995:3) (...) Во проектот на ICА во Лондон тој за публиката поставил посебни фотелји; прилагодени во однос на телото тие фотелји на публиката ѝ овозможиле со кожата да ги осети електричните сигнали на спијачот со коишто управувале нивните мозочни бранови.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Последица на тоа е што геј-привлечноста на нејзината песна сега почива во поп-музичката форма, во нејзиниот ритам и во хармониите, а не во содржината на нејзините болно искрени стихови.139 Формата е тоа што ѝ ја спасува песната.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е вистината, соколи, толку убаво сега сте навлегле во содржината, во идејата, - заклучуваше победоносно, гордо.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)