во (предл.) - сол (имн.)

Упаднав утрово во сред муабет на две баби во автобусот бр. 5, на добро разработена тема, и со внимание ја проследив сета дискусија која се разви на половина автобус, на горната платформа и сите здушно учествуваа во правењето на сармата, од тоа дали е поубава од лански лист чуван во сол и вода или е подобар свежо набран од „еколошки“ двор во Карпош кај баба Нада, која лозниците никако не ги прска дури не накалапи 30 пакетчиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На крај градот, истите стражари - италијански војници, го запреа. Го претресоа и измешаа во солта.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Емин-бег потоа ги продаваше рибите на трговците што доаѓаа од цела Румелија, а тие ги разнесуваа по разни вилаети наредени во мали буриња, првин отстојани во сол, па ставени во саламура.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)