во (предл.) - сочинение (имн.)

Настана мрачна тишина, во која сите размислуваа, гледајќи во сочиненијата пред себе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Само отец Лествичник сѐ уште гледаше во сочинението, како во најцрна судбина своја да гледа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако си граматик или сказник, писател ако си, и ако ја напишеш првата реченица точно, тогаш си постапил како вешт ловец кој добро нанишанил пред да ја пушти својата оптегната стрела во пленот свој; ако не, безумие во сочинението настанува, и сите подоцна родени зборови, гласови и букви се залудни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)