во (предл.) - спокој (имн.)

Дури сакаше да му рече да ги остави султаните да си почиваат во спокој таму каде што се.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Опкружена со темнината и тишината потонувам во спокој каков што одамна не сум почувствувала.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ја качиле на дрвената кола, па кога стигнала до ридот кое ги дели двете села, ја подигнала главата, фрлила поглед врз Рајчани, го видела и тогаш починала во спокој... ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Седнува на клупата под борот, тоне во мир, во тишина, во спокој и повремено фаќа со слухот разни шумови и гласови што му идат од градината, од патот, од селото, од ледината и шумичките: им го одредува потеклото и далечината и ги селектира задржувајќи ги поинтересните.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А Бојан, особено кога ќе се најдеше во спокој и осаменост, знаеше да заскита низ тој мисловен свет, поширок, понеопфатен од светот што го опкружуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А еве, сега пред неа лежи градот што таа толку сакаше да го напуштат, потонат во окупацискиот замолк, во првите студови, новата неизвесност, оскудиците во храна, во сапун, во спокој...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Првата зима на ова војна не само возрасните единоверци, туку и нивните деца умираат како муви.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А јас ви посакувам да продолжите во спокој да пишувате.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Или си приказна кусовечна ко тие кругови небо во краток миг заробени во спокојот на водите?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Никој не му се мешаше. Живееше во спокој сè до овој ден.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, таа како да го сети мојот немир па продолжи: - Татко ти, Бог да му ја држи во спокој душата, на време си замина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во спокој ќе живее сѐ до времето кога во Тирана ќе биде фрлена бомба во советската амбасада.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Водите нѐ смирија. Нѐ облагородија. Во спокој, заеднички, верувавме во Бога и во другите!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)