во (предл.) - среда (имн.)

Просто е смешно како човекот наоѓа решение за своите проблеми!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Штом Рони заврши со читањето, го прашав дали би дошол во Фектори и едноставно би седел во фотелја надвор од видикот на камерата, и би зборувал додека ние го снимаме Марио Монтез во филмот Харлот, и тој рече: „Добро“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Џерард и јас отидовме во кафетеријата Метро на една од оние книжевни вечери во среда, каде еден писател со име Рони Тавел читаше делови од својот роман и уште неколку песни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така направија на Хаџи Ташку и дружината, а овие, пак, веднаш им зајамчија дека ќе им најдат таков.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овие, Арнаутиве, уште во средата дојдоа во Прилеп, со себе доведоа еден пеливан, некојси Исо, на кого цели три дена, акајќи по прилепските аништа, му бараа јунак спроти него, то ест некој кој ќе се согласи да му излезе на Иса на мегдан во борење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На почетокот на тие неугледни скали кои портокаловото осветлување нежно ги простираше угоре, кон ликот на Мари-Клод во својот стан, опкружена со својот мебел, гола и заспана, ја бакнав во косата, ѝ ги погалив рацете; таа не ја побара мојата уста, постепено се одвојуваше и од грб видов како се качува низ уште едни од безбројните скалила што најпосле сите ги одведуваат а јас не можам да ги следам; дома се вратив пеш, без пајаците, празен и испран за ново исчекување; сега тие не ми можат ништо, играта уште еднаш ќе почне како толку пати порано но само за Мари-Клод, во понеделник - симнување кај станицата Курон наутро, излегување на Макс-Дормоа среде ноќта, во вторник влегување на Криме, во среда на Филип Огист, прецизно правило на играта: петнаесет станици од кои четири се спојуваат со други врски, а тогаш, на првата од тие четири, знаејќи дека ми претстои линијата Севр-Монтреј како што на другата ќе морам да ја земам врската Клиши-Порт Дофин, секој итинерер е одбран без посебна причина бидејќи никакви причини и немаше, Мари-Клод можеби ќе се качи блиску до својата куќа, кај Данфер-Рошро или на Корвизар, можеби токму ќе преседи на Пастер за да продолжи кон Фалгиер - мондријановско дрво со исушени гранки, случајноста на црвеното, плавото, белото, точкастото искушение; четврток, петок, сабота.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во понеделник, во вторник, во среда, во четврток, без пајаците бидејќи сè уште чекав, бидејќи сè уште чекам на оваа клупа на станицата Шемен Вер со ова тефтерче во кое едната рака пишува за да измисли некое време што нема да биде исклучиво овој бескраен виор кој ме разнесува кон саботата, кога можеби сè ќе биде завршено, кога ќе се враќам сам чувствувајќи дека веќе се будат и почнуваат пак да грицкаат барајќи со своите разбеснети клешти нова игра, друга мари-Клод, други Паули, повторување по секој пораз, повторен канцерозен почеток.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ликовите во сеќавањево не се измислени, а ако случајно сметаат дека не се опишани реално, може да се пожалат на дружењето во среда.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нејзиниот син Ксенофон Ксантопулос бил вчудовиден кога во средата навечер видел шапка на главата на Богдан наместо фес, што редовно го носел.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Главниот дел од атентатите бил ноќта во средата, а другиот ден војската и полицијата започнале масовно апсење на егзархисти.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бевме сами дома и тамам јас очекував да почне да се интересира за моите дневни новости, таа сосема мирно, како да ме прашува дали сум гладна, го изговори следново прашање: - Бреза – праша со обичен глас – дали мислиш дека ќе можеш да се спакуваш до утре, за во среда да заминеме за Париз?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се оладив. Се здрвив. Мозокот ми се укочи. Срцето ми застана. Го изгубив гласот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Утре е среда, се случи двапати токму во среда да доаѓаат писма. Можеби и утре ќе дојде.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Твоето приближување за среќа го забележало лицето што е одредено да внимава на Јана!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она повторување, повторување, повторување: Факт е, повторува иследникот, или предметите од собата, откако ќе ми се внесат во лицето, факт е дека во среда попладне, точно во 17 часот, си виден како и се приближуваш на Јана, ќерката на Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Навистина, објасни ми, какви ти беа намерите при преземањето на овој, најблаго речено, чуден чекор“, прашува по којзнае кој пат иследникот .
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во средата, на 22 март 2000 година, АФА Мичиген објави долго соопштение за медиумите во кое наведе дека Гери Глен испратил по електронска пошта писмена изјава со која бара укинување на предметот, и тоа до гувернерот на Мичиген, до членовите на комисиите за распределба на средства при Законодавниот дом и сенат на Мичиген и до претседателот на Универзитетот на Мичиген, како и до избраниците во неговиот Одбор на повереници.23
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На денот на Голема Богородица, во средата вечерта во нивното дворче влезе големото тело на Чана, зад неа Дончо, а зад Дончо Митра, чиниш Митра е нивно дете.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да го завршиме разговорот за првата љубов со една песна од поетот Мирослав Антиќ: НАПИШАНО В СРЕДА Првпат в среда се сретнавме - дотогаш не се ни позиававме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
I Писателот ви советува, драги читатели, да не ја читате оваа приказна во среда и никако пред месецот мај.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас знам, додека го пишувам ова, моето лево око гледа на хартијата како окото на татко ми, а десното како окото на мајка ми.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Облечен во бела кошула, потклекна пред своите судии што се собраа додека му ја читаа пресудата: “(...) Изречуваме, изговоруваме, пресудуваме и изјавуваме дека ти, Галилеј, поради сопствените објаснувања, изречени за време на процесот, и што си ги признал, си се покажал пред овој инквизициски суд како мошне осомничен за ерес, бидејќи си застапувал учење што е погрешно и спротивно на Светото писмо, имено, дека е Сонцето центар на светот и дека не се движи од исток кон запад и дека Земјата се движи и не е центар на светот и дека е можно да се застапува и брани како веројатно некое мислење и откако неговата содржина била прогласена за спротивна на Светото писмо; и како последица на тоа си се испоставил на сите цензури и казни што светите закони и останатите општи и поединечни законодавства ги вовеле и ги утврдиле против таквите престапници.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од овие со задоволство ќе те помилуваме под услов веднаш со искрено срце и со вистинска вера свечено да се одречеш, да отповикаш и пред нас да ги отфрлиш споменатите заблуди и кривоверства и сите останати заблуди и кривоверства, спротивни на апостолската и католичка црква на начин и во облик што ние ќе ги пропишеме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Следниот ден, во среда, на 22. јуни 1633 година изутрина, го доведоа Галилео Галилеј во големата сала на доминиканскиот манастир Санта Мариа сопра Минерва во средиштето на Рим, каде што обично се одвиваше тој вид обреди.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)