во (предл.) - средба (имн.)

Се друго купуваа на пазарите во Костур и Рупишта и во средбите со месното, македонско население, попрво го научија македонскиот, отколку грчкиот јазик. Сега Инои, некогашното Ошени личи на град.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На моите долги прошетки покрај рафтовите, продолжи тој, во средбите со книгите, (имајте предвид: на овие катови се пренесени речиси сите знаења што им пречеле на некогашните поробувачи поради идеите застапени во нив) се среќавав и со таа веќе спомната вечност на вистините.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во средбите што ги имав подоцна со Крисман, ниту јас, ниту тој не ги спомнувавме Козите. Имавме поважни работи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
БАБА АНЧА: Еве го иде... (продолжува да иде во средба од Илија, го дочекува и нешто му говори).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)