во (предл.) - стакло (имн.)

„Мора да потекнува од Индискиот Океан. Во тоа време го втиснувале во стакло.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Нептун“ - тоа е супер модерно изграден хотел и ресторан меѓу Созопол и Китен, кој се надвиснал над самиот брег, сиот во стакло и на столбови, во една чудна линија, па се чини некако овој објект да не стои на земја, туку „плива“ во воздухот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги оставив нивните гласови да удираат во стакло и беспомошно да се топат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Знам, се насмеа црниот човек треба да лежи распаран на прашлив друм, гаврани да се огледуваат во стаклата на неговите очила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се побара во стаклата на очилата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Со мангариве, ќе купам куќа и ќе ве пуштам да спиете сите во неа, дуваше Пенчо во стаклото.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За надоместок, на масата веќе имаше бокал вино, црвено во стакло, гарантирано домашно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
М отиде и до следниот излог. Повторно немаше одраз во стаклото.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
ЦРЕШАТА ЦРЕШАТА ВО ДВОРОТ НА ЈОСИФ БРОДСКИ ВО ЊУЈОРК
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Откога постои Њујорк, постои и цутење во височина, цутење во стакло и метал.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Обично во нашата детска соба, небаре за да ги бранат нашите детски животи, висеа две големи убаво врамени слики, во стакло, на Сталин и на Тито.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)