во (предл.) - станица (имн.)

Натера е добар збор. Постепено нешто те натерува да напишеш роман.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Амбулантната кола и полицијата пристигнаа. Ме одведоа во станицата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овде, на „Монпарнас“, е многу тивко, дури се зачудувате дека надвор се наоѓаат триесетина колосеци, дека во станицата чекаат за патување илјадници и илјадници патници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега влегуваме во станицата Сен-Силпис, некој покрај мене се исправа и заминува, Ана исто така останува сама пред мене, престана да гледа во чантата и на два-три пати нејзините очи расеано ме пометоа пред да се загубат во рекламата за бањското капалиште која се повторува во сите четири агли на вагонот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Возот влегува во станицата на Бастиља и Мари-Клод сè уште е тука, луѓето одат горе-долу, некој го ослободува местото до неа но јас не приоѓам, не можам да седам таму, не можам да се тресам крај неа како што таа секако се тресе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тогаш се погледнуваме, Мари- Клод ја подигна главата за да ме погледне во очи; грчевито држејќи се за шипката од седиштето чувствувам дека јас и сум всушност она што таа го гледа, нешто толку бледо како и она што јас го гледам, бескрвното лице на Мари-Клод која ја стиска црвената чанта, која ќе го направи првото движење за станување додека возот веќе влегува во станицата Доменил.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Џабе ја осакативте Неџибе во станица.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Се враќав од кафеана, онака во добро расположение, немав лична карта со себе и ајде во станица.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во двата случаи организаторите повикаа полиција која го врза уметникот и го приведе во станица.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во мигот кога завесата се спушта полноќниот воз влегува во станицата...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дојде в куќи да ја опита Марија за некои шишиња во станицата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)