во (предл.) - стечај (имн.)

Само што момата бојлер вклучи инспектор дојде струја да исклучи со ладна вода миеше коса мајка ѝ викна да не оди боса Плочките ладни реума влечат ѕидови пукнати треба да кречат татко без пари во возови на влеча а мајка ѝ 10 години во стечај
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во одговорот на тужбата, полномошникот на „Водостопанство во стечај“ наведе дека тужбата е преуранета и дека овие свои побарувања требало да ги пријават во ликвидационата постапка, која сѐ уште трае.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, во овој втор спор во кој бараа надомест на штета поради неисплатените плати за периодот кога незаконски беа отстранети од работа, Н.Н. ангажираше нов адвокат (Г.К.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со Законот од 1993 година беше регулирана и трансформацијата на претпријатијата во стечај.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Измените и дополнувањата на ЗС, како и новите законски ре- шенија што беа донесени од почетокот на транзицијата до денес, предизвикаа определени намалувања на правата на работниците чие претпријатие оди во стечај.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога се врши санирање и реорганизирање на претпријатието – должник, се предвидува да се применуваат 6.  Закон за исплата на личните доходи, на средствата за непосредна заедничка потрошувачка и средствата за исхрана на работниците во текот на работата, Сл. лист на СФРЈ, 37/90 и 84/90. 155 одредбите од Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација од 1989 година, 7 а на работниците им престанува работниот однос и имаат право да ги остваруваат сите права како и работниците во претпријатијата во стечај, освен ако им се обезбедени поповолни услови од страна на доверителите, односно Управниот одбор.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)