во (предл.) - стремеж (имн.)

Но, додека Монтескје грижно ги чуваше разликите меѓу позитивните закони и универзалните начела на правдата, Хердер сметаше дека ништо не ја надминува мноштвеноста на колективните души: сите наднационални вредности - правни, естетски или морални - лишени се од својата врвна власт. 21 Хердер има тенденција да стави точка на онаа древна заблуда на разумот што се состои во стремежот човечките дела да се истргнат од нивниот контекст и да се издвојат од околината во која се произведени за да може да се просудуваат соодветно на вонвременските критериуми на Доброто, Убавото, Вистинитото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Човек физички расте колку што му е одредено, некој десетина, дваесетина сантиметри повеќе, некој толку помалку, но во мислите, во желбите, во стремежите, во знаењето човек навистина може да израсне до небото!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мотивацијата на ваквото слободно творештво на графичките симболи се чини дека лежи во стремежот да се прикрие зависноста на новосоздадениот систем на писмо од изворникот, во дадениот случај, од грчкиот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со тоа се објаснува фактот дека староерменското писмо покажува графички врски со повеќе системи на писмо, но не се сведува во целина на ниеден определен графички систем.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Понатаму тече еден вид растеж во стремежот на постоењето, а тоа е достигнување до петтата димензија, со која ќе се заокружи денешниот вид на постоење на материјата, како форма.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)