во (предл.) - таван (имн.)

Грета ја подига сукњата и од под чорапата вади пиштол.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Испукува еден куршум во таванот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во постелата, покрај мене, со поглед загледан во таванот и заблуден во некои други глетки, ѕуреше татко ми.  Брат ми тој ден не отиде на дуќан.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дали беше навистина зафатен со научна работа или беше само загледан во таванот како и секој негов пациент легнат на болничкото легло без рамки и поткренат душек кај зглавјето место перница, тоа можеше само да се наѕре од сутеренското прозорче што гледаше кон скалите на клиниката, но кое перманентно беше затестено од прав бидејќи беше недостапно за четките на чистачките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Боге шеташе од преградата на бањата до вратата на балкончето, подготвувајќи се за спиење додека Кате лежеше на својот кревет, уште несоблечена и загледана во таванот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој лежеше испружен на плеќи зјапајќи во таванот, не го сврте погледот кон неа, и понатаму продолжи со очите да гледа во таванот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Некои ги свртеа погледите кон нас кога влеговме, други продолжија да гледаат кон каде што гледаа - во таванот, кон подот, или мижеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Војниците ни рекоа да си одбереме некој од слободните кревети, па излегоа од просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Арсо си ја потпре главата до ѕидот и тврдо гледаше во таванот, исчаден и завиткан во нечиста пајажина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Погледнувам за миг во таванот на кој се шири влажна дамка - откако го искубав од секаквите жици прислушниот апарат, вчера, еднаш, не знам кога, во дупката се доселија глувци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Лежев и гледав во таванот како да набљудувам ѕвезди. Тоа беа рефлексии од џагор, забава и понекоја пијана мисла.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Погледнувам за миг во таванот на кој се шири влажна дамка - откако го искубав од секаквите жици прислушниот апарат, вчера, еднаш, не знам кога, во дупката се доселија глувци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие извираа како порои и ја кинеа Анѓината млада душа, но таа цврсто си стискаше забите, си ја корнеше црната бујна коса и со поглед втренчен во таванот на одајата викаше: – He, не! – Само тоа не!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Друго јас немам што да кажам за оваа работа“, рече на крајот Брзакот, ги крена рацете со составени дланки, ги положи на градите и со крената глава, со поглед вперен во таванот, пак почна нечујно да мламушти молитви поради што претседателот на Дисциплинската комисија се смурти.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пополадне лежеше во неговиот кревет, покриена само со чаршав, исплакана и тапо загледана во таванот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Играчката- хеликоптер брмчеше, удираше во таванот, кликтеше како орел, гавран, врабец, кос, сокол.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Умен си ти, многу умен, рече доктор Пачев, го тргна погледот од мене и се загледа во таванот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А малку подоцна додаде Стариот писател се ожени за Катерина!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Русите косички, наводенети од трескевата и студена пот се залепени за бледото високо чело под кое полека гаснат големите сини очи. Матно гледаат во таванот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога човекот се освести, закова очи во таванот и со никого не сакаше да разговара. Молчеше со денови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зраците ја осветлуваа големата просторија и таванот добиваше некакви чудни бои. А сликите тоа беше вистинско чудо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И додека тие таму, на сцената, се будалеа, јас гледав во таванот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Лежев, лежев, а кога ќе ми здодееш гледањето во таванот, кога ќе ме опфатеше тешко чувство на осаменост, се искачував на прозорецот и гледав низ него, го шетав со очите сиот простор што се наоѓаше зад него.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Лакомите, студеникави, разиграни и љубопитни очи на Тинка, вковани во таванот на земјанката, се чини, со погледот ги потпираат гредите и камењето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Притисна глава до Циљкиното рамо и се загледа во таванот на земјанката со очи на расплакан, ожалостен и несреќен ангел. Циљка ја погали по глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Дедо... – пак му се обратив на дедо, ама тој пак покажа со прст на усните и јас замолчав и се загледав во таванот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И виде како лесно се подигна кон челото раката на Тинка, како молежливо и заносно е озарено лицето на Мита и долго е закован во таванот погледот на Зоја...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пушката моја дупка ти остави во таванот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
РАЈНА: Какви се овие муабети, лежење во кревет, гледање во таван цел ден, ракии, не си измиена два месеца, уште да мочаш во гаќи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Додека Пела и Дончо крај самоделниот ковчег во аголот зборуваат за она што им се случува во училиштето, Чана пласната е во креветот на Пелагија и така легната, гледајќи во таванот, зборува за некој маж под кого она веќе легнала во леите со пиперки, вели Как да ти кажам, мила сестро, цала ма покрива, ха,ха, ха!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)