во (предл.) - татковина (имн.)

Се подразбира дека потем ќе испратам и електронски одговор во татковината - да не би да папсам во туѓина од толку многу тајни во музиката на ѕвездите од татковината.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
46. Другото нешто што се бара од нас е да се обрнеме кон нашите браќа што војуваат во татковината наша да го положат оружјето за да им се даде возможност на Русија и на другите сили да ги преземат сите мерки што зависат од нив за да се задоволат сите наши религиозни, национални и економски интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Втемелувањето свој препознатлив поетски идентитет во татковината на јазикот на кој се пее, значи две нешта истовремено: исклучителна поетска дарба и решителен чекор во универзалното и вечното - сон на секој творец.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На 2 август 1941 год. кај манастирот Свети Илија над с. Велгошти, до Охрид, бил единствен говорник на Илинденскиот митинг.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По враќањето во Татковината веднаш избил на чело на револуционерните акции во Охрид.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Има многу наши од преку граница, од вашата ревизионистичка Југославија, наши бре, од иста етничка припадност и вера, пардон националност, кога ќе дојдат овде во татковината – мед и млеко откриваат, рајот го гледаат, некои и до Водачот стигнуваат, а кога се враќаат, друга песна пејат. Мизантропи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во татковината ќе се враќаме Според трагите на коските што ги оставаме... Повелба е тоа што го говорам. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Голем дел од нив си доаѓаа дома барем еднаш на неколку години, по некое непишано правило в лето, за да го искажат својот презир кон плитката памет и лошата материјалната состојба на своите земјаци во татковината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кога умрел Александар Македонски во походот на Индија, војската - за да го пренесе нераспаднат во татковината - го ставиле во буре со мед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На банкетот со акламација била прифатена дадената иницијатива за свикување конгрес на кој ќе се изврши обединувањето на Американците од словенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Присуството на банкетот на претставниците на сите словенски организации, за првпат од нивното доселување во Америка и со една единствена цел, да најдат заеднички јазик за да им помогнат на своите словенски браќа во татковината кои се бореле против фашистичките агресори, имало огромно значење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ослободен од секакви илузии, ми преостануваше верувањето во татковината на животот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Природно ме следеше неумоливата судбина на парадоксите, наследена од моето егзилско семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овој пријател на Лорка, на Пикасо, на Дали, во татковината на животот, го донесе не само здивот на една херојска епоха, туку и надежта на истрајбата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сепак јас продолжив: - Арафат ја водеше палестинската револуција со својот силен вознес на крајот исцрпен од ситните тактизирања, за да биде понесен од лажната стратегија на малите чекори која му беше некогаш наложена како пат на враќање од егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како последен храм во верувањето во татковината на животот ми остануваа татковите книги на кои можев вистински да им се доверам крај животот на мојата Мајка кои ги довардуваше до моето враќање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Губењето на митската верба во моќта на родното место, семејството, мајката, таткото, браќата, сестрите, блиските и предавањето на фугата на егзилот, предизвикуваат поетот најсилно упориште да најде во татковината на јазикот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш веднаш прифати: - Арафат не се прослави со воени битки, ниту во егзил ниту во татковината, но тој беше нашиот голем победник во борбата за одбрана на правото за постоење на Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата диплома, како во невозможна дипломатска мисија во татковината на животот, го спасуваше животот на семејството во балканската егзилска одисеја, без никогаш да ја открие својата Итака И конечно во стратегијата на спасувањето на своите деца и семејството во егзилската емиграција, покрај неговото речиси фанатично молчење за своето минато, кое според некои негови претпоставки можеше да биде опасно за неговите пет синови и едната ќерка, тој внимаваше тие да се определуваат за училишта и факултети кои го заобиколуваат затворот, како што нагласуваше во ретки прилики.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во сиот арапски свет како на колективна молитва илјадници луѓе ги шепотат неговите стихови, како заедничка молитва на судбината, во потрага по излез од фаталноста на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во поезијата на Алберти се славеше победата на вистината, враќањето од егзил, збиднато во Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Исцеди низ меденото муце: - Родена сум во татковината на играчките, земјата Дардаванија.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
По три дена престој и посета во татковината и во татковата земја, како што рече човекот таму на граничниот премин, се вративме во Македонија, пак преку Ники (Негочани).
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Погребан е во Прага, на неговиот гроб стои натпис: „Руски писател“, а сега, на голема врата се враќа во татковината. За среќа, намина и кај нас.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Аркади Аверченко - неправедно запоставен и зафрлен на маргините на руската литература, прекрасен писател, имигрант по Револуцијата од октомври, 1917 година (на М. Булгаков како пофалба му рекоа дека во едно свое дело го имитира Аверченко, за што поконкретно Булгаков пишува во својот “Театарски роман”) и токму имиграцијата и несогласувањето во новиот поредок придонесе за негово исклучување од редовите на руската (во тоа време, советска) литература.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)