во (предл.) - тврдење (имн.)

Тажен е податокот дека, ретко кој од денешните наши судии посветува внимание на „потчинетоста која ѕирка зад фасадата на наводната договорна еднаквост“ (Пол Дејвис) – оти купувачот и продавачот вообичаено, барем во економска смисла, се еднакви, ама работникот и работодавачот не се.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И да бидеме докрај иронични, кај нив отсуствува креативен сенс за една природноправна, контекстуална и телеолошка интерпретација на пишаното трудово право, а со тоа како потсвесно да се сложуваат со познатата Катонова приказна дека дури и „... смртта на работникот, не го чини работодавачот ништо“ [ако со закон поинаку не е определено]!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овие самонаречени ‘чувари’ на словото, а не на духот на законот, работејќи во една системски корумпирана атмосфера, така дрско и безобразно, застанаа зад парчето интриганство – кое се состои во тврдењето дека меѓу работодавачот и работникот постои божемна ‘слобода на договарање’.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се повлекуваат сите оние лепрозни размисли, иако знам дека причината не е во тврдењето на Виктор дека сè е ставено под контрола, бидејќи под контрола може да биде само клучот од бирото на вујко ми што се наоѓаше сега во мојот џеб.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)