во (предл.) - театар (имн.)

Грета: Јас и ова симпатично момче (покажува на Дики) сакаме да видиме нешто забавно!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Интересно е, имено, што теоријата на театарот влијае и врз технолошките уметници и теоретичари кои често го споменуваат Арто како „оној што уште пред педесет години ги слушна обдукциските гласови на Интернет“ (информации за проектот Artaud на Rhizom net).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не одам во театар, таму е така досадно!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Слично како што неодамна на Интернет се одвиваше еден комплексен проект по повод делото на Арто, со цел на некој начин да се исцрта физичкото и ефемерното тело на уметникот, самиот Арто, една година пред својата смрт, во театарот Vieux Colombier, демонстрирал вистински театар на суровоста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како што реков, тоа отсекогаш ме воодушевуваше - начинот на кој луѓето можеа да седат покрај прозорот цел ден воопшто да не им биде досадно, а после тоа да одат во кино или во театар и да умрат од досада.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Некои од нив со часови стоеја и гледаа едни во други не поместувајќи се.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, Париз е Париз и „Ох, Калкута!“ може да се прикажува на вратите на „Пигал“, може и да собере секогаш многу луѓе во театарот, зашто секогаш во Париз има љубопитни, кои секој ден во него доаѓаат првпат. Но, „Ох, Калкута!“ да ја заборавиме...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со првиот игран филм Себастијан (Sebastiane), Џарман учествува на Филмскиот фестивал во Локарно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По завршувањето на студиите, паралелно со сликарството, Џарман се занимаваше и со креирање на костими и сценографија за Ројал Балетот и за операта Колосеум во театарот Колосеум.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За време на студиите на сликарство 1963 год, на Кралскиот колеџ во Лондон, Дерек Џарман заедно со своите колеги беше длабоко трогнат од Бритеновиот филм Воен реквием.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас не сакав, а и не можев да ѝ ја одземам радоста да игра во театарот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во театарот се даваше „Отело“. Дебитираше некаква млада глумица во улогата на Дездемона...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неуморно работи, вежба. Дома сама, со ансамблот во театарот, не пропушта прилика повеќе да научи, да се усоврши.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во театарот се подготвува Лебедово езеро. И таа учествува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Насекаде и во сè го гледав призракот на измамата. - Не сакам повеќе да играш во театарот, - ѝ реков еден ден.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неколкупати одиш во театарот, не на претстава ами во бифето, додека еднаш не ја начекаш - седната на истата маса, но во друго друштво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А и каде да одиме? Во театарот уште нема никој.  - Како сакаш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Исклучено, никако во театарот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Што? Си одат? Толку рано? - се чудиш, како навистина првпат да си во театар, односно во театарско бифе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- А како ќе се гледаме? - Како порано. - Во театар, во бифе, во парк? - Ако сакаш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Бидејќи во театарот, претпоставувам, е незгодно, било на проба или на претстава, кога си на суфлерското место....
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чиновите на драмата се одвиваа во Елбасан, Тирана, Драч, Скадар, Влора, Саранда, Бутринт, Ѓирокастро и Поградец, градови кои требаше да бидат посетени, додека главните сцени на трагичната гротеска се одвиваа во театрите, музеите, крај бункерите...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Наближуваше времето кога требаше да одиме во театар на последната атеистичка претстава.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Стигнавме во театарот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во сите чинови на претставата во театрите, во музеите и вон нив се учествуваше во лов и преобраќање на вратената емигрантска душа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вистина работата е тешка ама после имаш слободно време што сакаш да правиш; одиш во театар, одиш во кино, одиш во парк...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И, нејсе, „стварноста во театар... никогаш не е буквална“, вели Даниелс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На ракавите моравме да носиме давидова ѕвезда, за да бидат регулирани забраните кои важеа за сите Евреи: повеќе не смеевме да одиме во театар, опера, на концерт; не смеевме да одиме во ресторани и паркови; не смеевме да се возиме во такси; дозволено ни беше да се возиме со трамвај, ама само во задната кола; смеевме да излегуваме од дома, ама само во точно определени часови; телефоните ни беа укинати, а смеевме да користиме само две пошти во градот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше септемвриски ден кога во нашиот дом дојде еден од синовите на братот на мојата пријателка Клара, и ми кажа дека таа умрела во психијатриската клиника Гнездо, во која живееше со години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се среќаваа ретко и попатно – самопослугата, во театар, во неделните предпладниња на Водно – двајцата збунети, со наместена насмевка и по некоја конвенционална реченица.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Вечерта на 25 ноември 1871 година, откако доживеал триумф во ,,Лициум“ Ирвинг се свртел кон својата сопруга Флоренс и и рекол дека успехот во театарот ќе им дозволи да имаат сопствена кочија и пар коњи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од моите почетни денови во театарот до ден денешен (дваесет и неколку години), нештата воопшто не се изменети.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа што мене ме засегна кај истите е можноста нив да ги адаптирам на условите што владеат во театарот кај нас.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И покрај тоа што некои наши драмски писатели, идеалот на драмскиот текст го наоѓаат во отуството на текстот, сепак, сметам дека постдрамската фаза во театарот кај нас ќе задоцни.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Адаптирано: Голема е кризата во нашиот театар, па публиката е среќна кога ќе види како некои актери влегуваат во театарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пред десетина години, кога се уште непознатото во театарот го анулирав со конкретни примери позајмени од теоријата и сценскиот практикум по софиските едукативни центри и театри, во едно неделно поладне гарнирано со млеко во тетрапак и балканска меланхолија, тогашниот мој „сокафезник“ цимер, Митко, сега веќе граѓанин на Лондон, ме праша: - Ја познаваш ли Роза Радичкова? - Која е таа?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Влегуваш во театарот и те заплиснува мирис на штотуку сварен боршч.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Партиецот му одговара: „Зарем имате и премиери во театарот?“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа влегуваат во театарот како во сопствен дом... атмосферата во англискиот театар е како дома, лежерна“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Такви куриози нема во театрите на нашава Македонија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Театрологот, Венета Дојчева, во текстот „Еден ден во театарот“, објавен во списанието „Лик“ за месец април 2008 година, по повод проектот на наведениот театар од Руан, ќе напише дека проектот значи бришење на границата помеѓу сцената и салата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Имено, во театарот современиот човек може да учествува во вистинска дебата за непотребноста од војната во Ирак, за доцнењето на возовите...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За да ги убеди своите пријатели дека актерката ја заслужува неговата љубов, ги кани во театарот за да ја видат во улогата на младата Јулија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се плашам, од ум излегувам, кога ќе видам како се собира публика во театрите: На учениците им ги праќаме професорите, на работниците претседателите на синдикалните организации.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дали сум јас за суицид или пак, некои од оние во театрите?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Публиката во театрите не зборува за време претставата затоа, пак, зборува пред почетокот и по завршувањето на истата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како театарски човек (уметнички директор и драматург во штипскиот Народен театар), тој отворено зборува за состојбите во театарот, креирајќи критериуми со кои ги проценува и оценува бројните девијации во уметничкиот живот на Македонија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа, за нив најдобро е кога, наместо камењата и дрвјата, во театарот би ги вратиле реалитетите што можат да го овенчаат со потребната слава и моќ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа, убаво би било кога на секој влез во театрите, со големи букви, би стоела испишана паролата: „Гаќите-клучни во ширењето на театарската уметност!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- И тоа го нарекуваш важна дејност во театарот?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сепак во театарот сѐ се врти во круг и не дај боже да кажеш нешто што не смееш.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се разбира, во таков случај, никому нема да му падне на ум да каже дека имаме „партиско-кадровско цунами“, оти цунамито нема врз што да дејствува, всушност, никој нема да го види, а уште помалку да каже дека последиците во театарот се како после ударот на неправедно омаловажен ураган.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За такви кавги, гласам и во театарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога зачекорив во театарот, наидов на цела група луѓе кои „зорле“ работеа, некако „зорле“ го вадеа парчето леб.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Театарот, во такви услови, дефинитивно ќе се ослободи од оние што го спречуваат, како што вели еден театролог, да ја најде енергијата што ќе го одлепи од досадното и ефтиното, од времето во кое ласкавото и празното собираат толпа од луѓе кои се убедени дека тоа е она што треба да го доживеат во театарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Сакаш ли ти, всушност, да останеш во театарот?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Многупати сум бил сведок на челни луѓе (и на аспиранти за челна позиција) во театарот, како и на актери, режисери и други кои, благодарејќи на вроден недостаток, не можат да кажат кога жанрот е чист, а кога е меланж.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Нужната потреба ги одделува гледачите од театарџиите особено од потребата да запрат некој театарџија на улица и да почнат да му ги изнесуваат своите желби, то ест да го убедуваат дека во театарот треба да има повеќе комедии, да не речам, смешки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Не само што сакам да останам во театарот, туку мислам дека ми е дојдено времето да бидам важна личност во него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во театрите за време претставата публиката си молчи. Мирна е. Културно се однесува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога киното ја заврши својата окупација на културниот простор, се се префрли во театарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Е па, драги мои, од оваа моја согледба треба да заклучиме: За да се стане важна личност во театарот, воопшто не ви е потребно да испразните многу фурни со театарски леб.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Според тоа каква е листата на барања, во театарот ниту имаме ниту, пак, некогаш ќе имаме ѕвезди.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Внатре во театарот, ако авторот пишува, а оние кои треба да го прочитаат напишаното не го прават тоа, тогаш тие се движат наспроти природното, наспроти совршеното.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Работи кои е подобро да не ги знаеш што навистина мислат другите за тебе; како се произведува (детска) паштета; како изгледа твојот стомак, од внатре; што сè го возбудува твојот партнер; каков е, како човек, твојот омилен писател; кој се крие зад никот на оној што ти остава злобни коментари; дали ако уплатеше ќе се паднеа баш тие бројки; што ти мислам..; кој е убиецот, на почетокот од филмот; колку ќе ти доцни хонорарот; што се случува зад сцената во театар; како котираш во еволутивни рамки; на што сè се подготвени некои твои блиски луѓе; кога и од што ќе умреш; што би било кога би било. дали сево ова има некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Трагедија - Жално дело, во кое Наскоро станува обична, а потоа некојпат актерите липаат, а гледачите здодева. се смеат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Разврска во театар - Во трагедијата, Трезвеност - Добродетел, што повеќе ја со смрт; во комедијата, со свадба. знаеме по име отколку по суштината.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
МАНИРИЗАМ четврти дел Густав Рене Хок Извртениот свет Едноставниот принцип на создавање „арчимболдески“ беше широко прифатен во театарот, балетот, карневалот и модата по 1600-та.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Можеби тоа не е скромно, но тоа е така. И точка. 214 okno.mk МАНИРИЗАМ okno.mk 215 216 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пријателската врска со глумците во театарот ѝ овозможуваше секогаш да седи во првите редови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дури и во оние часови кога наполно згаснува петербуршкото сиво небо и целото чиновничко племе се најало и завршило со ручекот, кој како можел, во сообразност со платата што ја добива и со сопствената желба,  кога сите веќе се одмориле од канцелариското чкрипење, трчање, од својата и туѓата работа и од сѐ она што доброволно, дури и повеќе отколку што е потребно, си го поставува никогаш несмирливиот човек – кога чиновниците брзаат да се препуштат на уживање во преостанатото време: кој, од поиницијативните, брза в театар, кој в град, да го потроши времето за да се изнагледа секакви шапчиња; кој на вечеринка – да го потроши на комплименти на некоја згодна девојка, ѕвезда на неголемиот чиновнички круг; кој, и тоа се случува најчесто, оди едноставно кај сличен на себе на четвртиот или на третиот кат, во две помали соби со претсобје или кујна и со некакви модерни претензии, ламба или некој друг предмет, што чинел големи жртви, лишување од ручеци, од излегувања, – со еден збор, дури и во тоа време, кога сите чиновници се губат по малите станови на своите пријатели за да поиграат бурен вист, сркајќи чај со евтини кекси, повлекувајќи чад од долгите чибуци, раскажувајќи за време на поделбата на картите, некаква интрига што стигнала од високото општество, од коешто никогаш и во никаква состојба рускиот човек не може да се откаже, или, дури кога нема за што да се зборува, прераскажувајќи ја вечната анегдота за командантот, кому дошле да му кажат дека му е потсечена опашката на коњот од споменикот на Фалконе, – со еден збор, дури и тогаш кога сите се трудат да се забавуваат, – Акакиј Акакиевич не ѝ се предаваше на никаква забава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе истакнам само неколку сфери на уметноста во коишто се остварија тие постмодернистички обиди: во театарот на Роберт Вилсон, во сликарството на Мимо Паладино и во филмовите на Вим Вендерс. 172 okno.mk 5.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Му велам: Аман бе, карабаџо, па не сме Чечени за во театар да одиме?!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ми вели: Дојди бе, баџо, ќе пиеме по една, па ќе одиме во театар!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се убеди дека свлекувањето на кожата е поризично ако е под земја, во најдлабокиот подрум, отколку ако тоа го направиш во театарот, пред очите на слепата публика.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Не знаев дека ти носиш таков сјај во очите се до оној ден во театарот, во сенката на празната ложа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И најде: да се борам, требаше да се борам со сјајот во твоите очи. Тогаш во театарот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во театарот тогаш погодив по сјајот на твоите очи дека ќе сум сам и сам и осамен, смешен до смрт, од оној ден коа ќе се вратам во собата да се заканувам и да му наздравувам на заборавениот палјачо. Пророк!?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Додека зборува, од неговото лице незадоволството исчезнува, се појавува насладата од постигнатата цел: „Дојди вечерва во театаров - ќе се потрудам да ви раскажам кој бев и кој сум всушност!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ѓоше беше разочаран во театарот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Промените на музиката претходат на промените во театарот, а промените во театарот претходат на општествените промени во животот на луѓето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Хефестион добил силна треска, но отишол во театар, не водел пропишан живот.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Пред нас доаѓаат црни „волги“, излегуваат делегатите и се губат во театарот. Хрушчов уште го нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сум професионален актер, но од неодамна работам во театарот „Miraculum“. Секогаш играм мали, споредни улоги. Вечерва само ја најавувам претставата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Е отиде во театар да ја погледне премиерата на претставата која долго ја очекуваше, но се зачуди кога виде дека е единствен присутен во гледалиштето.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Слободата за која бладаш е литерарна измислица.Таа постои, под контрола, се разбира, само уште во театрите и јавните куќи. Инаку се истребува како заразна болест.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ова е божем бифе во театар и сега треба да заврши првиот чин и сите да навалат на освежување, - продолжи Саше со театарот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)