во (предл.) - текст (имн.)

Имено, уште во текстот на прочуената Јустинијанова кодификација (VI век), подоцна наречена Corpus Iuris Civilis, и тоа во нејзиниот најобемен дел кој се вика Digestae [или Pandektae] – и кој е двапати поголем од Библијата т.е. од Стариот и од Новиот Завет заедно – наоѓаме траги за постоењето на овие форми на работни спорови. 10
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За палимпсестите може да се рече истото она под точка 1.: ако не се пронајдени, не значи дека не постојат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ваквото чудо е можно единствено поради блискоста меѓу јазикот со кој било напишано пронајденото Евангелие и јазикот што го говорел Константин, така што не држат многу претпоставките за готскиот, сирискиот, коптскиот, а уште помалку за некој од скандинавските јазици на тоа Евангелие.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вметнувањето на букви од глаголицата во текстови напишани со кирилица не мора неизбежно да значи препис од постар глаголички изворник. 4.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Притоа, не станува збор ниту за некое подоцнежно вметнување на спорната одломка во текстот на житието, затоа што истиот текст се јавува во секој од околу 50 списоци на житието.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но на почетокот на подврзаниве листови имаше една поединост што ја немаше во текстот објавен во „Цариградски весник“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имено стоеше: „Јас раб божји Никола Спиро Поцо...“ Сега беше јасно дека оние иницијали што ги сретнав втиснати во текстот на црковното ѕвоно оној ден кога ја посетив црквата и гробиштата, а кои гласеа “Н.сП“, значат всушност „Никола Спиро Поцо“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Упорно се задлабочуваше во текстот, прашувајќи се себеси каде греши, што е она што таа не можеше да го види, да го спознае, а сите други (компетентни и некомпетентни по тоа прашање) го согледуваат и му оддаваат огромно признание; што е она толку посебно, толку необично заводливо што тој го поседува во себе, во својот стил, во својата реторика и техника, во својата методика на пишување, што на другите им недостига.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Клучно е да ги размрдаме малку тие комуникациски канали внатре градот (за воопшто да можеме да гра­ди­ме некаква покомплексна инфор­мативна структура, „однадвор”), да ги мобилизираме инвен­тивноста и духот кои чучат и пропаѓаат по скопските дувла затоа што на okno.mk | Margina #15-16 [1995] 5 Бал­канот тие се безвредна роба, да го промениме тој инертен и моќен фатали­зам дека нема излез од гомнава, созда­вајќи силни јазли на некаква креативна енергија што би се ширела ко звукот на хотел­ско­то yвонче во Бартон Финк, суптилно а силно, вон фреквенциите на „чувари­те на националната култура”, зомбиев­ските гадови што блокираат било каков проток и кои гнијат секој во своето изолирано ќоше од овој мрачен лавиринт низ кој талкаме и за кој допрво треба да се утврди дали вооп­што поседува излез, копчи, интерфејси, како сакате, со некои поглобални структури. 3. Nick White Бројчињава во текстов се само затоа што овој трет параграф, некако според духот, не припаѓа баш во Маргина, но поради сомнителните морални причини споменати на истово место и во минатиот број, поради новиот голем бран на еден примитивен националистички дух кој не разликува државотворност од шовини­зам, пат­рио­ти­зам од национализам (кој не разбира дека државата токму настану­ва во зоната на поларното одвојување на тие термини!) но и кој, доколку не се реагира (а богами и тогаш!, но реакцијата секо-гаш е важна, колку и да е осамена, макар и во историски рамки) брзо тркала сè пред себе, ете, поради тоа, велам: неверојатно е важен отпорот спрема тој евтин тргов­ски национализам кој ги тресе особено тнр. кругови на културниот естаблиш­мент, кои си пронајдоа ново идеолошко лижавче, нова дури јазична матрица составена од крајно нерафинирани наци-романтични стереотипи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во виенското списание Transit некогашниот славен полски дисидент Адам Михник во текстот со наслов Во сенката на Сократ пишува за националниот идентитет во модерното општество и ова го заклучува за денешната улога на интелектуалецот: „Држењето до вистината и воедно следењето на барањето сѐ околу себе да се анализира и секоја идеја на моќниците на овој свет да се изложи на испит - таквиот став за интелектуалецот значи: го прифаќаш тоа дека ќе станеш објект на навреди; мораш да сметаш со тоа дека луѓето за тебе ќе шират злобни гласини - дека ја презираш сопствената земја и ги предаваш националните вредности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Исто така, ни пружа проза која е површински читлива, „задоволство во текстот“ коешто ни овозможува да ги заобиколиме суштинските прашања: текстот може да се чита како чиста комедија, лингвистички slapstick, „надреализам“, „музика“, итн.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Напротив, критиката на хрватската стварност, како што е изложена во текстовите во книгава, отворено го признава својот деструктивен карактер.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Инаку, што се однесува до неговото присуство во Маргина, ние се обидовме, низ еден пресек од неговото творештво, да ви покажеме како гледа едно троглаво (по милионити пат бројка во текстов!!) чудовиште.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Јасно дека се шегувам, така, малку, и самиот, заебунет. 1989. 94 Margina #22 [1995] | okno.mk напомена: Сите наслови во текстов се преземени од Жак Лакан ЕДНА МОЖНА ИНТЕРТЕКСТУАЛНА ВАРИЈАНТА ЗА ЧИТАЊЕ НА ТЕКСТОТ „ВО ТЕБЕ ПОВЕЌЕ ОД ТЕБЕ” (или ИСТОРИЈА НА ФАЛСИФИКАТИ - ИСТОРИЈА НА ПАЛИМПСЕСТИ?!) Можна „техно” варијанта за читање на текстот „Во тебе повеќе од тебе” е буквалната компјутерска интерактивност (не онаа од Теоријата на литературата).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И треба да се запомни: за влегување во текстот не постои еден клуч, туку цел комплет, при што треба да се знае како користењето на калауз така и развалување на вратата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не знам зошто, ама кога ја слушам внимавам на текстот, на секој збор што веќе го научив напамет и помислувам на Соња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Можеби затоа што во текстот се зборува за тајна, за долга приказна и за некаков скриен копнеж.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Поради две причини: овој град и оваа култура, баш и не респектирајќи ги мистериите на Другоста, се бескрајно жедни по вакви соголени легитимирања (лична карта, кратка биографија...) Втората причина е што во текстов ги уфрлив следните клучни зборови: Маргина, Лифт, сурфирање, рабови, децентрализација.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во очекување на најавената испечатена верзија на одржаните излагања, решивме во Маргина да објавиме еден од приложените трудови (на г-динот П. Вулкански), проценувајќи дека прашањата загатнати во текстот „Мултимедијаноста како парергон?“ се мошне индикативни за нашава рубрика „Маргина - елементи на самосвест“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во овој текст ќе се обидам - ко некаков товарен лифт - да спојам неколку зони на прашања: за односот меѓу внатрешното и надворешното во светлината на односот меѓу два медија - во случајов наречени “архитектура/филм/”; освен тоа, во најкуси можни црти (молскавични ко потпис!) ќе се обидам да ги изложам проблемот на идентитет-легитимитет и улогата на потписот во тој контекст; на крај, како илустрација за одредени ставови наметнати во текстот, ќе кажам неколку зборови за филмовите со Бетмен.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Човекот мора да внимава на тоа циркулацијата правилно да работи/текот од храната кон серењето е природен/но текот од серењето кон храната е прекинат“, пишува Хундертвасер во текстот за самиот себе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Уметничките работници и уметничките творци веќе одамна самите не се уметници, туку една мала интернационална мафија од исфрустрирани интелектуалци“, пишува Хундертвасер во текстот „Лажна уметност“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Палигоров, сега, кога Татко конечно заминуваше од Архивот, најде и неколку свои зборови, кои не беа во текстот, за да го истакне неговиот придонес во архивистиката, но пак ништо не кажа за сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За мене тоа на одреден начин значеше практично спроведување во дело на некои поставки од Граматологијата во врска со книгата и линеарноста на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како прво, забележете дека деконструкцијата е некаква операција што се применува на некој текст, или, поопшто, колекција од лингвистички ентитети (реченици, слики, итн.) структурирани според некоја бинарна опозиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со него управуваат - значи, го надминуваат - некои многу пообемни, понеодредени и помоќни процеси на дело меѓу земјата и светот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Помеѓу 1933-34. ја истражуваше можноста за хроматска организација на низата од 25 тона без повторување (Шест кратки инвенции, завршниот дел од триото Соло со неизоставно следење на два гласа во канон); 1935-38. користеше фиксирани ритмични структури организирани по принципот на серијална техника; од 1935. постојано прави дела во кои ја комбинира играта, филмот, театарот, ТВ-то; 1939-56. компонираше музика (Прва конструкција во метал) во која ритмичната компонента е организирана на основата на истите пропорции на малите и големите делови; 1938-51. настанаа делата во кои е нагласена (ориенталната) експресивност (Сонати и интерлудии); од 1951. ги користи “операциите на случајот” и посебните, за нивна употреба направени табели; 1952. настануваат неговите најважни откритија, помеѓу останатото и примената на несовршеноста на хартијата при одредувањето на структурата на делото според Ји Џинг; 1954 ја воведува неодреденоста, прво во делата без однапред одредени односи помеѓу деловите (Варијации); 1958. настануваат композиции без фиксирана партитура, но одредена при самата изведба; 1967. користи компјутер за одредување на звучните и композициските параметри; 1969. ги конципира делата во кои ја укинува разликата помеѓу изведувачот и слушателот (33 1/3); од 1961., кога излезе книгата Тишина, развојот и промената на музичките искуства ги следат теориските и мислените ставови кои ги изложуваше во текстовите (претставени во Маргина).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Испаѓа (со многу тешкотии за кои на ова место и сега не можам поподробно да зборувам - за тоа стануваше збор на други места, па и во текстовите од неодамна Du droit a la philosophie, Cirkonfesija и L’autre cap), испаѓа, значи, дека сум се родил, како што рековме, во склопот на европската преференција, давајќи му предност на францускиот јазик, народот или граѓанската припадност, да не наведувам други примери, а потоа и во преференцијата на ова време, на она што го сакаме, семејството, пријателите - и непријателите исто така, се разбира, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како втора опсервација, забележете дека тоталитетот од сите лингвистички ентитети, односно, самата текстуалност, е структурирана според една бинарна опозиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во почетокот, во текстовите од Тишина, се занимаваше со работи кои ги учеше и кои ги познаваше (на пр. со акустичната и естетската природа) или пак со делата кои сам ги направи, за во последните текстови да пишува за сето она што го восприема, што се случува околу него и што во восприемањето е екстремно конфузно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ричард Костеланец Џон Кејџ (1970) Кејџ (2) Имагинативна конструкција Кејџовото творештво може да се набљудува како процес на постапни промени и иновации настанати како резултат на специфичното музичко-мислено занимавање. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 171
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа треба да се смислува во секоја реченица, без извесности, без апсолутно осигурување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се обидов по нешто да кажам за таа апориска нужда во текстот De l’esprit (За духот) и во L’autre cap (Друг курс) во врска со Европа. 4Дали би можеле да речеме дека техниките со кои се служите при читањето и пишувањето ја претставуваат деконструкцијата? 4Повеќе би рекол дека станува збор за една од нејзините форми или очитувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во почетокот на четириесеттите години настануваат Кејџовите важни познанства со уметниците - Марсел Дишан, Марс Канингем, Вирџил Томсон, Ласло Мохоли- Наѓ, Макс Ернст, Пит Мондријан, Андре Бретон кои подоцна се прошируваа и според Кејџовото признание опфаќаа влијание од неговите учители, пијанистот Ричард Булиг и композиторот Хенри Кауел, Адолф Вајс и Арнолд Шенберг, потоа композиторите и уметниците, неговите современици и истомисленици, Лу Харисон, Алан Хоуханс, Мортон Фелдман, Ерл Браун, Кристијан Волф, Дејвид Тјудор, сликарите Роберт Раушенберг и Џаспер Џонс, скулпторот Роберт Липолд, зен-учителот Д. Т. Сузуки, ботаничарот Гиј Г. Неринг, својот татко, пронаоѓачот Џон Милтон Кејџ, интелектуалците и мислителите Норман О. Браун, Маршал МекЛуан и Бакминстер Фулер, па сѐ до оние кои ги познаваше преку нивните дела - Ерик Сати, Антон Веберн и Едгар Варезе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Подоцна прашањето за примереност одново ќе се постави во врска со положбата на Сократ кој удобно седи и пишува додека Платон седи заканувајќи се со прстот, во текстот La carte postale (Разгледница).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ширењето на сопствените учења и идеи за Кејџ никогаш не беше постапна и лесна работа бидејќи неговите концерти и предавања неретко завршуваа со сканда­ли, што денес на оние кои го проучуваат и познаваат им изгледа чудно и беспричина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во фазата на изместување таа продуцира еден поим што не е изразлив во рамките на таа опозиција, исто така И во текстот што оваа опозиција го структурира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Развојот на филозофските ставови одеше паралелно со проширувањето на музичките искуства.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите ги очекуваат созна­нијата каде одиме, кон што, каде би требале да се упатиме, како да се поставиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овде би ве упатил на она што се обидов да го изнесам во текстовите De l’esprit i L’autre cap... 4Дали сакате да зборувате за последиците од антропологијата? 4Антропологијата како научен проект сигурно не е некоја задоволителна причина, како ни било кое знаење по себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Преносот во овој случај, со себе носи вградување на значењата од ИЈ во текстот на ЈЦ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Писмородецот рече дека такво нешто во текстот нема, дека не е запишано, а јас видов дека тој не ја гледа таа нишка од пајажината, и дека ја гледа само онаа најдебелата, и дека не дозволува некој друг да гледа нешто што тој не виѓава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На страницата на културната рубрика стоеше изјава на министерот за култура: „Нема средства за џез-фестивалот“, изјавуваше тој, а во текстот стоеше: „Годинава, за првпат во петнаесет години, нема да се одржи градскиот џез-фестивал, на кој требаше да гостуваат реномирани светски уметници“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И токму кога сакаше Филозофот плочката врз првиот збор да ја залепи, да ја допре, па и тоа последно, а прво во текстот зборче, јас што се вика, верно да помине во умножението, ровја од ведро небо удри во врвот на планината и силен блесок видот ни го помрачи на сите; и потем земјата ужасно се затресе, и се тресеше долго; ужасен облак од прав се крена и сосема се замрачи небото, и сонцето на него се зацрни како точка црна, како јагленче, како црн пајак вознемирен кому некој мрежата се обидува да му ја раскине, да му ја помести, да му ја ороби, да му ја украде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кое е тоа „јас“? Јасно е дека тоа „јас“ е сосема празно место во текстот, еден вид црна белина: него го исполнуваат стотици, илјадници имиња на оние кои го потпишуваат формуларот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше целиот во бела прав, но среќен, оти в рака ја држеше плочката од кал со отисокот од последниот збор наназад, а првиот однапред во текстот мерено!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој ова го постигна со развивање на деконструктивни методи кои: (а) ги истакнуваат скриените контрадикции во текстовите, правејќи ги видливи потиснатите значења - „отсутните но имплицирани“ значења, (б) ги потенцира знаењата „од другата страна“, они кои се сметаат за секундарни, изведени, и безвредни. 56 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Намерата на Дерида беше да се поткопаат текстовите и да се тестира привилегираноста на специфичните знаења со методите кои “ја деконструираат спротивноста . . . да се отфрли хиерархијата во даден момент”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Даниелс признава дека неговата практика да исполнува женски гласовен репертоар без да им го менува граматичкиот род на заменките во текстовите од песните што ги пее е нешто што хетеросексуален исполнител најверојатно не би го правел – но тоа изгледа само значи дека единственото нешто во гејството што е битно за него е изборот на сексуалниот објект, насоченоста на еротската желба, нејзиното хомосексуално жариште, машкоста на машкиот предмет на љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се работи за тип на текст во кој она што досега се нарекуваше филозофија, со помош на логичкото или научното или поетското или естетското, ќе може меѓусебно да се преведе (како превод не ја подразбирам едноставно транспарентната еквивалентност), едно со друго цврсто да се поврзе (greffer) или едно со друго да се спои, па така овие споеви дозволуваат тоа да се препознае и во текстот, во денешниот, не во модерниот текст.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Можеби претходно реков точки, но всушност се работи за тоа дека во текстот токму нема точки, нарочно ако точките стојат за деливост; бидејќи точката е непосредно поделена.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Велите дека битниот интерес на Вашите барања е во текстот да се пронајде онаа „точка“ која што не може да се раствори во смисла или, како што хегеловски би можело да се каже, која му се измолкнува на поимот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Холандината методолошка приврзаност кон историската контексту­ализација и деконструкција како орудие кое ќе ни помогне да ги лоцираме машките предрасуди во текстот и кое ќе помогне да ги откриеме или повторно промислиме хиерархиските отпори и исклучувања коишто ги направија жените невидливи, го условува нејзиното потпирање врз континенталната философија како пат кој води надвор од машката философија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Радикалното читање на Борхес/Дерида, сигурен сум, би покажало дека сме дојдени до таков раскин, иако Дерида не е наклонет да прифати “пресудни раскини”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да се вратиме на нашите три епиграфи. Сега би требало да биде појасно како тие се поврзани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Иронијата е можна кога е постулирано присуството на некој авторитативен систем на знакови кој ја носи вистината; модерната текстуалност настанува од ирониското оддалечување од тој извор, но ако не постои магнетно поле кое би ни укажало на насоката во текстот, фрагментите слободно летаат не чувствувајќи дека се раздвоени, ниту чувствуваат носталгија по знаење која е присутна низ целата модерна традиција.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И на најблиското ниво од најситни поединости во текстот и во најширока можна смисла, тоа се идеите што претставуваат влог во односот меѓу Борхес и Дерида.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мојот впечаток е дека верувањето во текстот произлегува од вистинитоста на тонот, од оној внатрешен говор кој на сцена го препознаваме како „логичен акцент“, во секојдневниот живот како лага или вистина, а во литературата како симулирано или стварно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
135. Иако Мисирков и во текстот не ја употребува оваа антиципација на мекоста, овде веројатно се работи за печатна грешка, па наместо туѓа треба да стои тујѓа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Театрологот, Венета Дојчева, во текстот „Еден ден во театарот“, објавен во списанието „Лик“ за месец април 2008 година, по повод проектот на наведениот театар од Руан, ќе напише дека проектот значи бришење на границата помеѓу сцената и салата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На едно место во текстот, авторот поставува прашање: „Што гледаш кога ќе го слушнеш зборот кујна“?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Книгата нема допирни точки со она што сакам да го истакнам во текстот, но некои согледби и цитати од неговиот филозовски дневник, можат да дадат прилог во разјаснувањето на моите тематски опсервации.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Хандке во текстот, понатаму, вели дека бил зачнат на подот од кујната во куќата на неговите родители. Јас немам такви сознанија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Така, критичарите наоѓајќи го својот идеал во текстот без текст, ќе останаа без глас, но и без себе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од друга страна тоа е и почетен навестувачки знак за моето согледување на проблемот на “архитектониката”, како некаква замислена прва цигла во овој скромен обид да се создаде “нехендикепирана куќа” во текст, то ест некаква нејзина анаморфоза, одблесок што го нарекувам “Децентриран дом” и кого што, колку и да е “виртуелен”, повеќе го преферирам како “место за живеење” од навестената сигурност (стерилност) на “нехендикепираната куќа”. (узбуна, паника, “веќе шизоидно станува ова преплетување на жанровите”, велат прасињата и ги затнуваат нежните уши; но волкот продолжува да дува и да дрдори сеќавајќи се на зборовите оставени во аманет: МОЈОТ ДОМ Е МЕМОРИЈА Е ТЕКСТ Е ПРИКАЗНА) Виртуелно-реално, централно-странично, (не)хендикепирано, ете веднаш пар потпорни столбови во форма на поларности, дихотомии и дистинции, се чини неизбежни дури и при обидите да се “градат кули во воздух”, што отприлика е намерата на овој текст; зборот “хендикеп” (вон своето примарно “коњско”, т.е. спортско значење кое потекнува од англиските коњски трки), од една страна асоцира на тнр.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Програмот генерира облаковидни слики врз основа на алгоритам чии параметри реагираат одредени зборови во текстот што се внесува (претходно сместени во базата на податоци). 54 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со задоволство го правиме тоа, не пропуштајќи да напоменеме дека меѓу неколкуте работи со кои не се согласуваме во текстот, постои една што консензуално ја прифаќаме токму како дел од некаква „маргинска поетика”: „секоја хиерархија во уметноста е релативизирана”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во овој текст не се споменати имињата на ликовните автори кои активно творат и го претставуваат потенцијалот на ликовната сцена во Македонија од едноставна причина што тоа подразбира опсежно образложување на нивното место во таа структура, а јасно е дека во текстот се евидентира отсуството на една таква структура.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Неговиот колега тврдел дека читливост на фонт може да се процени со едноставна анализа на поединечни букви ставајќи ја буквата врз мрежа или шема од точки. Frere-Jones тврдел дека овој систем не се однесува на целиот текст и инсистирал дека буквата читлива во текст не секогаш е читлива вон него.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Забелешка: Компјутерските фотомонтажи во текстот се дело на неколку руски уметници (Татјана Аршамасева, Лев Евзович, Евгениј Свјатски) што работат во уметничката група АЕС.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Оооoooопс, ми се испушти! Сега ќе морам да направам мали исправки во текстот. A толку добро звучеше!
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во текстот The Museum of Accidents пишувавте за проблемот на позитивизмот кој се соочува со музеологијата на науката, и за потребата за “наука за антинаучен музеј”. 106 Margina #17-18 [1995] | okno.mk —Во Музејот на несреќите на крајот од текстот велам дека всушност телевизијата е тој музеј.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во случајов клетва да остане петелот без птопан ЗАБЕЛЕШКА: Зборовите се дадени онака како што се употребени во текстот, а не според реченичките норми.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Плете и ткае и втиснува во текстот на прозната творба авторот привлечни визии, низ кои се расветлува од повеќе страни ликот на Мајката Ервехе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Делува можеби себично, но така е.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Повелете – му ја отвори предната врата на крупниот човек во сив, педантно испеглан костум. - Фала много.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми помагаа да ја најдам пукнатинката, надополнувањето, варијацијата, загадочноста на доживувањето што го пренесувам во текст.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Задоволството во текстот“ (Р.Барт) на Александар Прокопиев овде не завршува, туку започнува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но и покрај таквата увереност, додека гледав во текстот на Грофот сфатив дека си го поставувам она чудно прашање: во кој мој живот ги имав видено тие мали картички со бујни водотеци од стихови?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Несомненоста на откритието што и не помислував да го сместам во папките на сонот, зашто и не беше дојдено од таму, наеднаш го сфатив како порака или како наговестување на сомнението дека можеби не сме гости само на еден единствен живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Она што го покажував во текстот Мо­дер­нитет и амбивалентност, но и во делото Навестувања на постмодерни­те­­тот, се состои во тоа дека постмодерните заедници им се послични на Кантовите естетички заедници отколку на Тениевата заедница која му претходи на изборот на секој нејзин член и го детерминира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како се доаѓа од толеранција до солидарност?  Ова е најтешкото прашање.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Подоцна во текстот Модернитет и амбивален­ција анализирате дека стануваме „инхерентно не-самодоволни ентитети” во нашата приватна зависност од експертите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овие заедници немаат никаков друг цврст темел освен определбата на нивните членови да живеат во нив, така што траат онолку долго колку што вниманието на членовите е живо а емоцио­налната определба силна. Во спротивно, тие едноставно исчезнуваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се чини дека постојат два различни аспекти за слободата во Вашата работа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Толеранцијата е шанса за постмодерноста. Солидарноста е шанса за толеранцијата” - напишавте во текстот Модернитет и амбиваленција.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кејџ директно во Мозокот ! (Напомена: Изоставените делови (поради повторување на веќе споменати работи) се јасно видливи во текстовите.) Ова е текст од говорот одржан на собирот на Уметничкото друштво на Сиетл кој во 1937 го организираше Бони Бирд.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Оваа вера ми беше пренесена уште во раното детство, а потоа во тој дух го минав адолесцентниот период и мојата младост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Просто кажано, Барт, откако малкунѕе подостарел, како да посакал од сериозен научник да стане вистински писател, заинтересиран предимно за можноста на литераризирањето и на автобиографското есеизирање за некои од клучните феномени на културата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Меѓутоа, кога го читаме Чехов, забележуваме дека во сите ситуации во кои неговите драмски или прозни ликови комуницираат суштествено и вистински, изменувајќи ги автентичните чувства (а не само зборовите со кои тие чувства наводно се искажуваат или се опишуваат), не зборуваат за некои големи и важни нешта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еден од најважните (вистински најважни, не само најкомерцијализирани, најексплоатирани, дури и најтривијализирани) несомнено е феноменот на љубовта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие во текстот изразувате жалење што не сте примиле од вашите родители никаква религиозна наобразба што посебно ми недостига, велите вие, секогаш кога ќе се соочам со ново искушение.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бевте во право кога велевте дека во текстот беше изразена толку силно хармонијата на еден маж и на една жена низ нивната тишина за што тешко можело да се најде друг пример, слика на една чудесна убавина, која трансцендирајќи секаква друга конкретна реалност, ја чини вистински амблемска.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Признавам, од опусот на Барт најмногу сум приврзана кон неговите подоцнежни книги, оние од постструктуралистичката фаза на неговото пишување, жанровски и методолошки хибридни (како Задоволство во текстот/Lе plaisir du texte, 1973, или Светлата соба/Lа chambre claire, 1980) и белким и поради тоа апсолутно заводливи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Станува збор за книгите, вклучувајќи ги и споменатите Фрагменти од љубовниот дискурс, кои укажуваат на индикативното скршнување на опусот на почитуваниот автор кој со секоја од нив како с повеќе да се оддалечува од својата професорска, академска авторска фаза (што ја детерминираат неговите капитални истражувања на семиологијата), за постапно да се префрлува накај чистото задоволство во текстот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Каква што е јас-те-сакам...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Покрај пасажите за потрагата по душата, фиксирана во татковите книги, во мајкиното огледало и врската клучеви на некогаш напуштените куќи, кои можеа да ги отвораат само сонуваните брави, мислам дека само во долговечната заеднички истрадана тишина можеше да се насети постоењето на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татко ми како вистински балкански алхемичар од посебен ков, се срушташе длабоко во ноќта за да ги најде вистинските зборови обвиткани во рувото на тишината со кои требаше да им се противстави на зборовите, небаре излезени од барабани, во тие тешки времиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во истиот број била пренесена и информацијата за демонстрациите што биле изведени од „Македонците кои имаат врска со Бугарија“ и кои се надевале дека „нивниот дел од Југославија (се мисли на делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија, б. м.) ќе ѝ биде даден на Бугарија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Информацијата недвосмислено покажува дека дописникот на „Вашингтон пост“ добро бил запознаен со историјата на македонскиот народ, бидејќи тој во текстот ги двои Македонците од Србите, како народ со посебна национална припадност, што го потврдува и информацијата од 25 март 1941 година во истиот весник, дека демонстрациите во Македонија може да „предизвикаат незгоди меѓу Македонците и Србите“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На пример, главниот приговор на Ry- chlack е дека компјутерските модели на умот кои се развиени во AI и когнитивната наука се фундаментално некомпатибилни со Kelly-евата теорија за персонален конструкт (1955), и тој смета дека Kelly е во право. ]е потрошиме малку време во текстов разгледувајќи ја детално оваа изјава.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)